Филозофијата на Арнолд Шварценегер

Ако постои човек кој оставил голема трага во бодибилдерството тогаш тоа е дефинитивно Арнолд Шварценегер. Тој е инспирација за многу луѓе, а неговите совети за тренирање важат се до денес. Ако го прифатете неговиот пристап кон фитнесот ќе имате сериозен напредок.

Ќе откриете, како што открив и јас дека фитнесот ве оформува како личност во секој аспект од животот“ – ова тврдење во голем степен го објаснува неговиот однос кон тренинзите. Според него за да имаш резултати треба да даваш се од себе си. „Бодибилдерите кои се силат да отидат во фитнес салата и да тренираат никогаш нема да го постигнат успехот на оние кои немаат трпение да стапнат таму и да ги искриват железата“ – изјава на Арнолд за The new Encyclopedia of Modern Bodybuilding.

„Бодибилдингот е како и секој друг спорт. За да имате успех треба да се посветите 100% на тренинг, исхрана и на психичкиот пристап.“
Филозофијата на Арнолд Шварценегер не учи на тоа дека треба да се фокусираме на сите три компоненти кои допринесуваат за постигнување на успех. Ви треба квалитетна тренинг програма, исклучиво здрава исхрана и мотивација на секој тренинг.

Последните 3-4 повторувања прават мускулот да расте. По поднесувањето на болката од нив се разликува шампионот од некој кој што не е шампион“
Преоптоварувањето на телото до границите на возможностите е најбрзиот пат кон успехот за Арнолд. Тој открил дека високи резултати се постигнуваат кога креваме тежина со последните сили.

„Тренингот не ослободува од негативната енергија насобрана од стресот, на тој начин тренингот го оформува духот исто како што вежбите го оформуваат телото“ – за Арнолд Шварценегер тренингот не е само начин за создавање на мускулесто тело, туку и начин за развивање на човекот во подобра личност. Колку и да го обожавал времето поминато во фитнес салата, тој знаел дека времето за одмор на мускулите е од круцијално значење за успех. Арнолд е познат по својата голема издржливост, но исто така знае дека е тенка линијата помеѓу доволно и премногу. Ако ја поминете таа линија ќе се претренирате, а тоа не води до успех.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.