Почитувани,

 

Со задоволство би сакала да Ве информирам за новата дисциплина  воведена во студиото за духовни дисциплини ‘Сурија’, ФИТ ЈОГА.

ФИТ јогата е дисциплина која ќа Ви овозможи да го зацврстите и обликувате Вашето тело, да се ослободите од вишокот килограми и да ја подобрите флексибилноста на телото, притоа наоѓајќи мир во умот преку ослободување од акумулиран стрес и зголемување на концентрација. Овој тип на јога дисциплина е погоден за сите, жени и мажи, почетници и напредни во јогата или во други спортски и духовни дисциплини.

 

Часовите по ФИТ јога ќе бидат оддржувани од страна на професионални инструктори кои имаат за цел да Ви овозможат единствено искуство во процесот на физичко и ментално зајакнување. Часовите се состојат од медитација и изведување на специфични вежби (асани) кои ќе придонесат за подобрување на виталноста на вашето тело, правилно дишење и зајакнување на концентрацијата.

 

ФИТ јогата е комплементарна дисциплина со модерниот начин на живеење во Скопје. Нуди сеопфатни погодности за вашето тело, ум и дух – низ вежби (асани) и медитација која е погодна за сите!

 

Предности од ФИТ јогата:

  1. Физички

 

  1. Умствени:

 

  1. Емотивни:

Напомена: Оваа дисциплина е погодна за оние кои немаат сериозни здравствени проблеми!!!

Чланарината на Фит Јога изнесува 1.300 ден

Комбинација на Фит Јога и Традиционална Јога (4 часа) 1.800 ден

 

Со Светлина СУРИЈА