Функциите на нервниот систем

Нервен систем е органски систем кој содржи мрежа на специјализирани клетки, наречени неврони кои ги координираат активностите  и пренос на сигнали помеѓу различни делови во човечкиот организам.

Нервниот систем врши комплексен поредок на задачите, како софпримач за осет на разни мириси, за производство на говор, и помнење на минатите настани, во прилог,нервниот систем  обезбедува сигнали кои ги контролираат движењата на телото, и ја регулираат работата на внатрешните органи. Овие различни активности можат да бидат групирани во три основни функции: сензорни, интегративни, и моторни.

1. Сензорни функции.  Сензорните  рецептори детектира внатрешни стимули, како на пример зголемување на крвната киселост, и надворешните стимули, како на пример слетување капки од дожд на вашата рака. Овие сензорни информации потоа се спроведуваат во мозокот и 'рбетниот мозок преку кранијалните и' рбетните  нерви.

2. Интегративни функции. Нервниот систем интегрира (процесира) сензорни информации преку анализа и складирање на некои од нив и од донесување на одлуки за соодветните одговори. Важна интегративна функција е перцепцијата, свесноста на сензорните стимули. Перцепција се случува во мозокот.

3. Моторни функции. Откако сензорните информации се интегрирани, нервниот систем може да предизвика соодветни моторен одзив со активирање на ефекторите (мускули и жлезди) преку кранијалните и' рбетните  нерви.. Стимулацијата на ефекторите предизвикува мускулите да се контрахираат и жлезди да лачат.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.