← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Хранливи придобивки од јадење лимони и сок од лимон

Лимони, најчесто, се користи како гарнир за риба, во вашата супа или како додаток во вашиот чај. Лимонот исто така можете да го користите наместо Оцет како додаток за вашата зелена салата.

Лимоните, исклучително се богати со витамин Ц , особено за нивната големина. Само две супени лажици сок од лимон содржи 12,9 милиграми витамин Ц, или 21 проценти од препорачаната дневна вредност. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, што значи дека ги штити клетките во организмот од слободните радикали, кои се оштетени клетки и може да предизвикаат оштетување и на здравите клетки. Други витамини во лимоните и сокот од лимон, се присутни во многу помала количина ( Б6 витамин, фолна киселина и тиамин). Минералниот состав на лимони вклучува калиуо 34,7 mg или 1 процент од препорачаната дневна доза и калциум, магнезиум и фосфор во помали количини.

Лимоните содржат соединенија наречени limonoids, кои се одговорни за горчливиот вкус. Како витаминот Ц, limonoids имаат антиоксидантни својства и тие помагаат при уништувањето на  слободните радикали и исто така имаат можност да помогнат во спречување на развојот и растот на клетките на ракот.

Шеќерот во крвта се покачува кога вашиот организам или не можат да произведе инсулин или не реагира на инсулинот како што треба. Ако не се лекува, високиот крвен шеќер може да предизвика други компликации како што се проблеми со очите, бубрезите и срцето. Лимонот содржи соединение наречено хесперидин, што позитивно може да ја смени функцијата на ензимите во организмот кои помагаат за намалување на крвниот шеќер во крвта, го штити организмот од раните фази на дијабетес и помага во спречување на компликации од дијабетес доколку високиот крвен шеќер е веќе присутна. 

Дознај повеќе за сокот од лимон – ЛИМОИНАДА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?