← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Идеален процент на телесни масти

Оние кои сакаат да изгледаат фит, треба да знаат дека нема строго определен идеален процент на масти. Процентот варира во зависност од неколку фактори како што се типот на телото, возраста, генетиката, спортската активност и се разбира исхраната.

Идеалниот процентот на масти постојано варира, но минималниот безбеден процент за добро здравје е од 5-9% кај мажите и 13-15% кај жените.

Возраст

 

<30 30-50 50+

Жени

 

13 – 18% 15 – 23% 16 – 25%
Мажи 6 – 14% 11 – 17% 12 – 19%

 

Нема двајца исти, некој вади подобри перформанси со помал, некој со поголем процент на масти, без разлика на тоа што имаат иста тежина, возраст и се од ист пол. Затоа на табелата се гледа до кои граници се движи процентот на мастите за да можете да функционирате здраво.

Понекогаш девојките кои имаат низок процент на масти може да осетат пореметувања во периодот  со мензисот, па затоа треба да го покачи нивото на масти, со здрав избор на храна. На пример, ако некоја девојка држела диета за слабеење и сега има 17% на масти, можеби нејзиниот идеален процент е поголем, па затоа мора да го покачи и не треба да го спушти пониско од 20%.Ниското ниво на масти и кај мажите не е толку здраво, но симптомите се помалку видливи за разлика од  жените.

 

Препораката кај луѓето коишто не вежбаат, а сакаат да имаат слаб изглед, границата на мастите се движи од 16-20% до 20-21% кај жените и од 8-14% до 10-14% кај мажите.

 

Спортските мажи треба да целат на 10-15%, но доколку сакаат да им се познаваат стомачните, треба да симнат на 10-11% на масти, бидејќи стомакот е местото каде што највеќе се складираат мастите.

Доколку девојките сакаат да им се познаваат стомачните 14-16% е границата, но да не заборавиме за проблемите со мензисот. Но и 18% на масти се супер работа, бдејќи веднаш ќе забележите дефиниција над градите и на рамената, бидејќи таму се складираат помалку масти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?