Индекс на телесна маса (табела)

Body Mass Index  (BMI) или индекс на телесна маса е алатка која ќе Ви помогне да го измерите нивото на телесни масти во телото преку одредување на Вашата висина и тежина. Таа се одредува многу лесно, само измерете се колку сте моментално тешки и високи и пресметајте со помош на табелата.

Иако индексот на телесна маса е скоро секогаш точен, тој претставува само 1 алатка за да го потврдите Вашиот здравствен статус. Неопходно е да извршите и други мерења како: крвен притисок, проверка на работата на срцето, физичката неактивност и дебелината во пределот на стомакот.

Многу е важно да знаете дека BMI не прави разлика помеѓу мускулната маса и масата од мастите. Така да ако некој бодибилдер има поголема тежина во однос на висината, BMI можеби ќе покаже дека тој е дебел, а сепак тој има само поголем состав на мускулна маса во телото.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.