← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Јаболко за чист организам

Јаблкото е едно од најраспротанетите плодови на планетата. Лесно достапно и го има во речиси секој период од годината. Редовната конзумација на јаболки може да се покаже како многу полезна за нашето здравје и за нашиот организам воопшто.


Јаболкото содржи пектин, целулоза, јаболкова и лимонска киселина, богати се со минерали, витамини Б1, Б2, Ц, Е, П и ПП.

– Содржината на витамин Ц варира од 4 до 80 mg.
– Содржината на шеќери е од 9,5% до 12,5% на еден плод.
– Аромата на јаболкото се должи на етеричните масла.

Поради овие својства освен како храна јаболките имаат лековити и хранливи вредности.
Количеството на целулоза кај овие плодови е поголемо отколку кај другите. Целулозата се наоѓа во кората од јаболкото. Поопширно во статијата “Кората од јаболкото за поголеми мускули“, објавена на нашиот портал.
Пектинот завзема од 0,5% до 2% од тежината на јаболката, и ги прави јаболките да бидат поздрави, поради неговото својство  јаболките имаат големо значење за преработката на храната во нашиот организам. Овој елемент има својство да се сврзува со токсините во организмот, кој пак настануваат со разградување на храната, и ги исврлува тие непотребни токсини надвор од нашиот организам. Многу е полезен при хронично труење со некои метали како што се олово, жива, манган  др. со тоа што се сврзува со солите на овие метали и не им дозволува да продрат во организмот туку ги исврла надвор од него.
Материите кои се содржат во јаболкото го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, рак на простата, го намлуваат ризикот од инфаркт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?