← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Јадете разновидно овошје и зеленчук

За да добиете повеќе здравствени бенефиции, се препорачува да се јаде 5-9 порции вкупно од овие пет групи на бои секојдневно.

Кликни на сликата за подобра прегледност

ЦРВЕНО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Црвеното овошје и зеленчукот ги содржат следниве хранливи материи: ликопен, елагична киселина, кверцетинот, и хесперидин. Овие хранливи материи го намалуваат ризикот од рак на простата и растот на туморот. Тие го намалуваат крвниот притисок и ЛДЛ холестерол. Тие, исто така се борат против слободните штетни радикали.

ЗЕЛЕНО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Зелениот зеленчук содржи хлорофил, растителни влакна, лутеин, зеахантин, калциум, фолна киселина, витамин Ц, калциум и бета-каротен. Овие хранливи материи од овие видови на зеленчук  ги намалуваат ризиците за појава на рак, го намалуваат крвниот ЛДЛ холестеролот.. Тие, исто така  го зајакнуваат имунолошкиот систем  и се борат против слободните штетни радикали.

СИНО И ВИОЛЕТОВО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Синото и виолетовото овошје и зеленчук содржат хранливи материи кои вклучуваат лутеин, зеахантин, ресвератрол, витамин Ц, растителни влакна, флавоноиди, елагична киселина и кверцетинот. Овие хранливи материи, го намалуваат ЛДЛ-холестеролот, ги зајакнуваат активностите на имунолошкиот систем, процесот на здравото варење, подобрување на апсорпцијата на калциум и други минерали, го ублажуваат воспалението, дејствувааат како анти-канцерогени својства во дигестивниот тракт, и ги ограничуваат активностите на канцерогените клетки.

БЕЛО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Белото овошје и зеленчук содржат хранливи материи како што се бета-gглуцанс, EGCG (Epigallocatechin gallate) – најпознатата форма на антиоксиданс,  и лигнани кои обезбедуваат моќно зголемување на имунолошките активности. Овие хранливи материго го намалуваат ризикот од  заболувања на дебелото црево, рак на дојката и на простатата, и урарамнотеженост на хормоните.

ПОРТОКАЛОВО И ЖОЛТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Портокаловото и жолтото овошјеи зеленчук содржат бета-каротин, зеахантин, флавоноиди, ликопен, калиум, витамин Ц. Овие хранливи материи го намалуваат ризикот од рак на простата. Тие го намалуваат ЛДЛ-холестеролот и крвниот притисок. Промовира формирањ на колаген и здрави зглобови. Овие хранлливи материи се борат против штетните слободни радикали и ја подобруваат апсорпцијата на магнезиум и калциум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?