← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Јадро (Core) – најважните мускули

Дали сте слушнале некогаш за јадрените или Core мускули? 95% од луѓето со кои сум разговарал се чудеа дека воопшто имаат такви мускули. Мускулите на јадрото се едни од најбитните мускули, бидејќи претставуваат МОСТ помеѓу нозете и горниот дел од телото. Повеќето од овие мускули се невидливи бидејќи се наоѓаат длабоко во внатрењниот дел од телото. Дури и некој да има развиени јадра мускулите нема да се познаваат.

Кои се тие јадрените – (Core) мускули?

– Странични стомачни – се состојат од 2 пара мускули

  •     – Надворешни или External obligue

  •     – Внатрешни или Internal obligue

– Предни стомачни или rectus abdominus- секој сака да ги има овие мускули на плажа 🙂

 

– Долни грбни – ова се всушност 3 пара мускули:

  •      – Quadratus Lumborum – го држи грбот цврст и го наведнува наназад.

  •      – Multifidus Muscle – најсилниот и најуникатниот мускул.

  •      – The Iliopsoas Muscles – се наоѓа околу колковите

  •  

– Мускулот на задникот или glute- тоа е најголемиот мускул во човековото тело, поради кој можете да ја движите ногата наназад и да ги вртите колковите.

Вежби за зацврстување на јадрото (се изведуваат статично)

 

Кои функции ги извршуваат?

♦ Најважните човечки функции:

♦ Луѓето со слабо јадро имаат болки во грбот, што значи пружаат подршка на целата тежина од горниот дел.

♦ Заштита на внатрешните органи од повреди.

♦ Поголема сила и кревање на поголеми тежини, како на нозете, така и на горниот дел.

♦ Поголем скок, побрзо трчање и уште многу други функции

 

Сите спортисти мора да имаат силно, моќно и стабилно јадро, бидејќи тоа ја прави целата разлика помеѓу успехот и неуспехот. Телото треба да се користи како целина, а не како долен и горен дел. Овие два дела мораат да работат заедно за да можете ефективно да трчате, мавате, вртите, фрлате или пак скокате, а покрај сето тоа да имате неверојатен баланс на телото. Вашето јадро е тоа што Ве прави да бидете силни или слаби!

Дали сега гледате зошто јадрото е најбитниот мускулен дел од човековото тело?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?