Како да се здебелам???

 

Едно од најчесто поставуваните прашања е токму ова: Како да се здебелам???

Ова прашање е најчесто поставувано од луѓе кои мислат дека јадат премногу а никако неможат да ја зголемат нивната килажа, и најчесто нивната приказна завршува со тоа дека имаат "брз метаболизам" , и што и да превземат во врска со нивното накачување на килажа е безвредно. Приказната за брз метаболизам е најголем мит, само треба да  започнете да јадете повеќе отколку што трошите во текот на денот. Знам дека мислите дека јадете многу, но тоа не е точно. Инаку не би биле слаби. Вашиот метаболизам и генетика немаат ништо поврзано со тоа што сте вие слаби и имате дефицит на мускулна маса.

Еве 8 причини зошто не можете да ја зголемите вашата тежина. Да почнеме со 8те најчестите грешки кои ги правите кога се обидувате да се здебелите.

          1.    Недостаток на храна. Започнете да го следите внесот на калории во текот на денот , и ќе видите дека не јадете онолку  колку што мислите дека јадете.

         2.    Правите погрешен избор на храна.  Храната, како салата и спанаќот се здрави, но нема да придонесат да добиете поголема тежина. Затоа треба да го направите правиот избор на храна.

          3.    Имате премногу активност. Ако сте многу физичка активни ќе согорите многу калории . Што значи Без големи количества на храна, никогаш нема да добиетена тежина.

          4.    Тренирате погрешно. Правите премногу кардио тренинг.

          5.    Ги избегнувате мрсните јадења. Стекнувањето на тежина без стекнување масти е бавно и тешко. Обично тоа не води никаде. Омега 3 и Омега 6.

          6.    Не се трудите доволно. Имате недостаток на упорност.

          7.    Ги ограничувате вашите верувања. Мислите дека имате лоша генетика, брз метаболизам и дека секогаш ќе бидете слаби, бидејќи сите други во вашето семејство се слаби.

          8.    Разочарани сте. Вие сте се откажале од сите надежи, бидејќи сте се обиделе неуспешно неколку пати да ја зголемите вашата килажа, и затоа мислите дека ќе бидете слаби остатокот од вашиот живот.        

Како да ја зголемите вашата тежина: Јадат 5 пати на ден, изберете ја соодветната храна, не ги прескокнувајте оброците, тренирајте напорно, верувајте дека можете да го направите тоа и никогаш не се разочарувајте пред време.

Со текот на времето резултатите ќе си дојдат сами по себе.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.