Како до поголеми мускули на потколеницата – Листови

Многу бодибилдери се мачат да направат големи листови, поради недостаток на интензитет во нивниот тренинг. Добивање на поголеми мускули на потколеницата – CALVES не е многу лесно, но доколку им дадете приоритет на овие мускули во вашиот тренинг и се фокусирате на соодветна техника на изведување на вежбите, може да постигнете одлични резултати.

Gastrocnemius и soleus – Листови

Gastrocnemius и soleus се дваta главни мускули кои го сочинуваат долниот дел на нозете, однсно потколеницата. Функцијата на овие два мускули е за продолжување на ногата, но gastrocnemius првенствено се состои од брзи  мускулни влакна и soleus од спори мускулни влакна. Брзите мускулни влакна најдобро се тренираат со поголеми тежини и помал број на повторувања, додека спорите мускулни влакна одговора подобро да се тренираат со полесна тежина и повисок број на повторувања. Со користење на различни повторување, движења и вежби во вашиот тренинг , лесно можете да ги стимулирате вашите мускули да почната да растат. Тренирајте ги 2- 4 дена во неделата, најизменично со висок и низок интензитет.

 

Доколку вклучите еднаш неделно, планинарење или планинарско трчање во вашата  тренажна програма , додатно ќе ги зајакнете мускулите на потколеницата и че ја подобрите вашата аеробна издржливост. 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.