Како кофеинот делува врз телото и умот?

Повеќето од нас прва работа по која посегнуваат откако ќе се разбудат е чаша вкусно кафе. Кафето ни треба за да не "размрда", но што всушност е тоа што го прави кафето толку ефикасно? Повеќето знаат дека тоа е кофеинот, но како кофеинот делува во будењето на телото и умот?

КАКО КОФЕИНОТ РАБОТИ?

Хемиското име на кофеинот е c8h10n4o2, набрзо по пиењето на кафето се апсорбира од страна на желудникот во период од 30-45 минути и станува подеднакво застапен во водата од крвта. Кофеинот делува на кората на големиот мозок, односно на централниот нервен систем, блокирајќи ги рецепторите на аденозин.

Аденозинот е неуротрансмитер кој му кажува на организмот дека е уморен и ги успорува клетките на мозокот со цел да може да заспиеме. Нивоата на аденозин се најголеми откако ќе станеме, се намалуваат, па повторно се зголемуваат со секој саат како што сме будни. 

 

⇒Откако кофеинот ќе ги блокира рецепторите, се стеснуваат крвните садови во мозокот, се забрзуваат мозочните клетки, расте концентрацијата и фокусот,а мозокот прима информации дека не е веќе уморен и се зголемуваат перформансите на телото.

 

⇒Нивото на кофеин доведува до излачување на адреналин, а со тоа се шират зениците, се отвараат дишните патишта, се зголемува крвниот притисок.

 

⇒Црниот дроб ослободува шеќер како екстра енергија со што се забрзува матаболизмот. Срцето почнува да чука посилно, а мускулите се затегаат. Со ова се подобруваат спортските перформанси.

 

ДО КОГА ДЕЛУВА КОФЕИНОТ?

Половина од кофеинот останува во телото околу 3 и пол до 4 часа. Се метаболизира од страна на црниот дроб, а се исфрла преку бубрезите. Целосно се исфрла за 5 до 9 часа. Повеќе од 4 чаши кафе предизвикуваат зависност, бидејќи кофеинот е стимуланс.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.