← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Калории во алкохолот

Повеќето луѓе сметаат дека пивото е главниот проблем кога станува збор за вишокот килограми – сите имаат слушнато за познатото пивско стомаче. Првата работа која треба да се каже дека пивото со помалку алкохол не влијае многу на телесната тежина. Секако ако испиете повеќе пива со малку алкохол ова правило не важи.
Повеќето пива имаат околу 150 калории по шише. Треба да запаметите дека ако испиете повеќе од две шишиња пива од било кој бренд ќе внесете повеќе од 500 калории.

Виното е интересен пијалок за анализа. Кога станува збор за здравје се вика дека поздраво за пиење е виното од пивото. Исто така многу истражувања покажале дека една или две чаши вино дневно е добро за вашиот организам.

Повеќето места, каде што се служи вино, не бараат од производители да издаваат здравствени информации па затоа одредувањето на калории може да биде проблематично. Но на самите шишиња има информации, па може сами да видите колку повеќе алкохол има толку повеќе калории.
Од прилика виното може да достигне највеќе 185 калории во чаша од 200 ml, а во просек стандардните вина имаат од 80 до 90 калории по чаша.

Напомена за спортистите.

Внимавајте алкохолот влијае негативно врз вашите спортски перформанси. Доколку се бавите професионално со некоj спорт, пожелно е да не конзумирате алкохолни пијалоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?