Која е тајната за поголема мускулна маса

Разочарани сте од вашиот напредок и немањето на резултати, а тренирате напорно и сте се обиделе сè, не можат да добиете на тежина, немате идеја за тоа како да се ослободите од стомачните масти и како да накачите чиста мускулна маса.

Полошо е кога: Недостатокот на резултати ве тера да ја изгубите мотивацијата за одење во теретана. Вие не можете да добиете на тежина, бидејќи имате лоша генетика и брз метаболизам. Затоа треба да продолжитесо понапорен и потежок тренинг.


Топ 3 грешки во бодибилдингот. Сте биле излажани. Вие немате брз метаболизам или лоша генетика. И не треба да се тренира по напорно. Треба да се тренира  по паметно. Престанете да ги правите овие грешки:

– Не јадете доволно. Причината поради која не накачувате тежина е затоа што не јадете доволно. Знам  дека мислите дека јадете доволно, но не е точно. Ако јадете доволно нема да бидеете слаби.
– Тренирате како професионален бодибилдер. Изолираните вежби 6 пати неделно нема да ви помогне да изградите голема мускулна маса. И ако користите стероиди, ќе се претренирате со одење во теретана толку многу пати неделно.
– Трошење пари на суплементации. Повеќето суплементи не го даваат она што го ветуваат и тие се секогаш бескорисни без солидна диета и програма за тренинг.

 

Еве како брзо да добиете на тежина. Не е важно колку сте слаби или колку долго сте се обидувале да добиете на тежина. Еедноставно треба само да ги користите правите методи. А тоа се:

– Јадете по обилно. Резултатите ке станат видливи и ќе добиваат на тежина откако ќе почнете да јадете најмалку 5000 калории на ден – постојано. Млеко, тестенини, ореви, јајца и туна треба да бидат твоите нови пријатели.
– Тренинг  за Сила. Дали знаевте дека Шварценегер можел да крене 220 кг на бенч и 330 на мртви поткревања? Тоа е како тој ја изградил својата фигура: Со вежби со тегови и големи килажи.
– Земете ден за одмор. Мускулите растат додека се одмарате, а не додека ги тренирате. Ако одите на фитнес 6 пати во неделата и тренирате напорно цело време, вашите мускули никогаш нема да добиат шанса да се опорават и да пораснат.

 

Списанијата за здравје и фитнес се обидуваат да ви укажат дека суплиментациите се клучни за стекнување на мускулна маса. Нивната цел е да ве натераат да се навлечете на нивните суплементации. ЗАТОА  ИМАЈТЕ УПОРНОСТ И ТРПЕНИЕ И НЕ ПОТПАЃАЈТЕ ПОД МАРКЕТИНШКИТЕ ТРИКОВИ.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.