Која храна е најдобра во зимскиот период?

Многу луѓе не знаат што да јадат за време на зимскиот период па често јадат вообичаена храна (често нездрава). Многумина целосно ја забораваат сезонската, здрава храна и консумираат големи количини храна која дебелее. Со секоја промена на сезоната се менува и начинот на живот. Менувањето на навиките за јадење според сезоната му помага на телото да остане здраво. Ова ќе ги држи настрана вирусите во текот на зимата.

Науката докажала дека студеното време, посебно зимата, помага за одржување на генералното телесно здравје и го подобрува функционирањето на дигестивниот  систем. Поради ниските температури луѓето консумираат повеќе топлина во форма на енергија. Поради ова на секоја личност ќе им треба повеќе енергија во зимската сезона, поради што истите консумираат храна со повеќе маснотии. Како и да е би било подобро да се јаде храна која дава енергија, но има помалку калории. Луѓето треба да запазуваат добра исхрана за да се избегне дебалансот помеѓу важните хранливи состојки и недостатокот на витамини. Не треба да се размислувате, доколку сте во можност, да вметнете во исхраната некои од долу наведениве продукти за време на зимскиот период:

Риба

Кога телото е изложено на сончева светлина, тоа на природен начин  произведува витамин Д. Недостатокот од истиот во зимските услови се претпоставува дека е една од главните причини за сезонските болести. Истражувачите потврдиле дека во рибата има најголемо количество од витаминот Д кој помага така што го зголемува нивото на серотонин (еден од неуро-трансмитерите одговорни за добро расположение).

Јогурт со култури од бактерија на млечна киселина

Природниот јогурт содржи живи култури од бактеријата на млечната киселина кои помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем. Тие се важни за одржување на балансот на бактериите во цревата и спречуваат прекумерно растење на фунги. Исто така природниот јогурт се препорачува за одржување на генералното здравје, вклучувајќи ја и кожата (поради високата содржина на комплексен витамин Б)

Лук

Лукот е општо познат за спречување на разни болести, посебно настинки и грип кои напаѓаат во зима. Ова се должи на алицинот, супстанција која се наоѓа во лукот, која може да стимулира создавање на бели крвни зрнца, кои се специјализирани за борба против инфекции. Јадете мелен лук за целосен бенефит од неговите состојки.

Зеленчук

Мешункасти растенија, дел од фамилијата зеленчуци, како што се гравот, леќата, грашокот и слични. Тие треба да бидат меѓу првите состојки во вашите рецепти, приготвени во зимски услови, бидејќи тие се богати со важни хранливи состојки. Нивниот вкус е пријатен, и по консумирањето, веднаш се чувствува заситеност.

Зелка

Зелката е храна која може да биде вклучена во било кој период од денот. Таа е со низок процент на калории но со висок процент на хранливи материи. Оваа храна е извор на витамин А и содржи природни фитохемикалии како што се лутеинот и зеаксантин, кои се неопходни за одржување на здрави очи. Постојат неколку видови на зелка од кои на врвот, со најмногу хранливи вредности, е кељот. Сите типови на зелка се богати со витамин Ц, фолати, железо, магнезиум, бета-керотин и фитохемикалии.

Кикирики

Кикириките содржат антиоксиданси. Ова е храна која го загрева телото и се одличен извор на витамини Е и Б3. Меѓу другото кикириките се извор на моно-незаситени масти, па затоа се препорачуваат за здравјето на срцето.

 

 

Житарки

Житото, јачменот, овесот и оризот се членови од фамилијата житарки. Тие се познати како важен дел за правилно функционирање на дигестивниот систем и за здраво срце, но исто така го регулира нивото на гликоза во крвта. Житарките од цело зрно се богати со витамин Б12. Овој витамин помага за спречување на депресија, состојба која често се јавува во кратките зимски денови.

 

 

Тиква

Тиквата содржи повеќе влакна и помалку калории. Ова е здрава храна која може да се консумира во зимската сезона без да се грижите дали ќе накачите на тежина. Таа е добра алтернатива за детоксикација. Сокот од тиквата е богат со бета-керотин и витамин Е, супстанции кои го намалуваат ризикот од астма и други заболувања – од рак до срцеви заболувања.

Калинка

Сокот од калинката е богат со антиоксиданси. Една чаша од сок од калинка на ден помага во борбата против слободните радикали и го спречува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на артериите (предизвикува различни срцеви заболувања). Исто така сокот од калинка го подобрува протокот на крв кај срцево болните.

Цитрус (заедничко име за портокал, лимон, мандарина, грејпфрут и сл.)

Зимата е сезона на свежи плодови од фамилијата цитруси. Портокалите се полни со витамин Ц. Два портокала задоволуваат повеќе од 100 % од дневно препорачаната доза за витамин Ц, како и други хранливи вредности. Портокалите содржат и фолна киселина и витамин Б, влакна и калиум, кои го чуваат срцето. Избалансирана употреба на плодови од фамилијата цитруси ве штити од настинки и грип. Доколку имате проблем со дигестивниот систем немојте да се прејадувате со плодови од цитрус.

Благи компири

Благите компири се многу хранливи и одлична храна која може да се вклучи во зимското мени бидејќи му ја дава на телото потребната топлина. Тие се добар извор на влакна и комплексни јаглехидрати, витамин А, Ц па дури и минерали како што е манганот и бакарот. Можат да се јадат варени, прчени или во супа.

Спанаќ

Спанаќот се препорачува дури и за зимно време, доколку се најде во продавниците, бидејќи е богат со антиоксиданси и железо. Антиоксидансите обезбедуваат енергија, која пак ви помага при зимската депресија.  Вклучете го во супи, салати па дури и како сок.

Мисирка

Мисирката е одлична храна за зимските оброци. Таа е „лесно месо“, содржи многу протеини а малку калории. Додадена во супа или сендвич, месото од мисирка никогаш нема да ги изгуби хранливите вредности.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.