← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Краставица

Краставиците се зеленчук со изразено освежвачко дејство, особено во летните горештини, поради високиот процент на вегетативна вода и другите состојки што се присутни во неа како минералните материи, микроелементите и витамините. Во нив се состои висок процент на калиум, а релативно низок состав на натриум, па затоа алкалните материи преовладуваат над киселините.

Поради одличната количина на калиумот краставиците се добри за болестите на срцето, бубрезите и при отежнато мокрење, бидејќи овој минерал ги исфрла вишокот на течности. Освен тоа, краставиците ја раствараат уреината киселина и се применуваат кај диети во камења во бубрезите и мочниот меур.

Со зголеменото исфрлање на урината се отстрануваат штетните материи – било тие да се внесени со храната (хемиските супстанции од прскањето на растенијата) или да се продукт на разградба на внесената храна.

Краставиците се консумираат без сол, бидејќи солењето го нарушува природниот баланс и идеалниот сооднос на калиумот со натриумот, а со тоа се губат и придобивките од краставиците и дуеретичкото дејство.

Во краставиците се содржи голема количина на магнезиум, калциум, железо, јод манган, Б комплексот и витаминот Ц. Поради малкуте калории, само 13 на 100 грама ркаставицата е одлична во диетите за намалување на вишокот килограми.

Доколку сте сигурни дека краставиците не се прскани со хемикалии, најдобро е да се конзумираат со лушпата, во спротивно лупете ги. Најдобар начин е да се комбинираат со јогурт или кисело млеко со додаток на лук и магдонос.

Најдобро е  јадете краставици кога се произведени во сезона, од Јуни до Октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?