Мускулна структура

Иако скелетните мускули клетки имаат различна форма и големина, главната структура на скелетната мускулна клетка е иста.

 

АНАТОМИЈА НА МУСКУЛОТ

Ако пресечете еден цел мускул, ќе забележите дека е покриен со слој на сврзно ткиво познат како епимисиум. Епимисиумот го штити мускулот од триење со другите мускули и коски.

На како се приближуваме кон краевите на мускулите, започнува да се форма тетивата кој го сврзува мускулот со коската / зглобот. Набљудувајќи ги мускулите може да се види дека има снопови од мускулни влакна наречени фасциоли, кои се обложени со друго заштитно сврзно ткиво, неречено перимисиум. Секој сноп од мускулни влакна содржи од 10 до 100 мускулни влакна, зависно од мускулот.

Еден силен и голем мускул како што е кватрицепсот би имал голем број на мускулни влакна со секој сноп, додека помал мускул кој се користи за прецизно движење како тие на дланката, ќе соджат помал број на фасциоли.

Ако детално го гледаме секое мускулно влакно, ќе забележиме дека и тие исто така се покриени со сврзно ткиво познато како ендомисиум, кој го обвиткува секое мускулно влакно. Мускулните влакна се дебели од 10 до 80 микрометри и можат да бидат долги до 35 см.

 

Под ендомисиумот и околните мускулни влакна се наоѓа сарколемата, која претставува клеточната мембрана на влакната, а под неа се наоѓа саркоплазмата, која претставува клеточната цитоплазма во форма на желатинеста течност која е состав на поголемиот дел од клетките.

Во неа се содржи гликогенот и мастите кои се користат како енергија, но исто така и митохондриите кои се клеточните фабрики – произведувачи на енергија.

Секое мускулно влакно во својата внатрешност содржи миофибризи. Секое мускулно влакно содржи од неколку 100 до неколку 1000 миофибризи. Тие се врски со актинот и миозинот кои претставуваат протеини кои раководaт со должината на мускулот и се многу важни за мускулната контракција.

Околу миофибрилот има мрежа на канали наречени саркоплазмични ретикулуми. Тука се чува калциумот кој е многу важен за контракцијата. Поврзувачките канали поминуваат од сарколемата низ миофибрилот кои служат како трансмитери на нервните импулси. Секој миофибрил може да биде разделен со повторувачки сегменти наречени саркомери.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.