← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Набилдајте повеќе мускули и изгубете масти со овие оптимални техники за после тренинг

Новите истражувања велат дека би требало да пробате да зимате 20 грама од високо квалитетни протеини секои 3 часа по вежбањето за најдобри резултати. Избегнувајте ги периодите на пости доколку сакате оптимална телесна градба.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нова студија го споредува ефектот на три модела на хранење со протеини по интензивни тренинзи со целосното разградување на протеините во телото – во основа мерејќи колку сте катаболични или анаболични.   Сите три групи земале вкупно 80 грама од протеини во интервал од 12 часа веднаш по вежбањето. Едната група ги земала тие 80 грама на осум дози од по 10 грама на секои час и половина. Втората група земала четири дози од по 20 грама на секои 3 часа. Третата група земала две дози од по 40 грама и тоа првата веднаш по вежбањето а следната по 6 часа.

Резултатите откриле значајни моменти: Прво, доза од 10 грама не е доволна да го амортизира разградувањето на протеините во телото или оптимално да го обнови мускулот и жилавоста на ткивото по тренингот. Дозата од 20 грама на секои 3 часа покажала подобар баланс помеѓу разградувањето на протеините и нивната синтеза по тренингот.

Второ, неопходна е голема доза на протеини преку ден, но доза од 20 грама е адекватна за оброк. Не Ви треба доза од 40 грама, посебно ако јадете високо квалитетни протеини и дополнувате со доза од 20 грама на неколку часа по вежбањето.

Се разбира дека можете да ја индивидуализирате Вашата исхрана на начин на кој ќе се чувствувате по енергични се додека ја постигнувате дозата од 20 грама со секој оброк. Избегнувајте ги постите подолги од вашиот период за спиење, односно не се воздржувајте од јадење преку ден, и целете на 5 до 6 оброка на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?