Најефективните тренинзи за Сила

 

 

Све е одлично кога тренирате по некоја фитнес програма и имате одличен напредок, но проблемот се јавува кога ќе се појави "Plateau ефект", тоа е моментот каде што едноставно чувствуваат дека стагнирате и не нпредувате.

За да имате и понатаму напредок и позитивни резултати во зголемувањето на вашатаа  сила и вашите мускули, треба да ја промените вашата тренажна програма.

Еве ви ги најефикасните видови на тренинг за подобрување на вашата сила:

Тренинг до откажување. Овој вид на тренинг има свој позитивни и негативни страни. Кога тренирате до откажување, и ќе го дадете својот максимум од себе до последното повторување Позитивната страна е тоа што активирате повеќе мускули и го предизвикувате организмот да произведи повеќе хормони за градење на сила. Негативната страна е тоа што се зголемува можноста за претренираност и повреди, па затоа е најдобро да се користи оваа техника само повремено и за кратки интервални тренинзи.

Супер сетови. Супер сетовите е напредна тренажна метод во кој можете да направите две вежби, еден по друг, без одмор помеѓу нив. Вежбите можат да бидат за иста мускулна група или две различни мускулни групи, во зависност од вашите цели. Тие дури можат да бидат сосема различни активности (на пр, вежба за сила проследена со Кардио вежба). Идејата е да се направи една  селосна вежба и, наместо да се одмара, да се направи уште еден сет.

Кружен тренинг. Вежбите во овој метод се изведуваат во кружна форма.  Со овој начин на вежбање се избегнува едноличноста на тренингот. Суштината на оваа метода е поставување станици за вежбање, каде на секоја станица се работи за 30 до 45 секунди, или одреден број на повторувања. Одморот помеѓу вежбите е само времето кое е потребно да отидете до следната станица. Еден круг може да содржи 6, 8, 10 па и 12 станици. Редоследот на станиците треба да е таков што ќе обезбеди постепено зголемување на напорот односно интензитетот.  Целта на оваа тренажна метода е  да се зголеми силата и и здржливоста на целиот организам.

Tabata интервали. Табата интервалниот тренинг е еден од најефикасните видови на интервален тренинг со висок интензитет, и трае четири минути. Дознај повеќе за  овој тренинг.

Пирамида тренинг. Овој вид на тренинг “пирамида тренинг” е одличен за подобрување на  вашата мускулна издржливост и сила. Пoставувањето на пирамидата започнува со  лесни килажи и со голем број на повторувања, како ги изведувате следните сетови, така се зголемува тежината и се намалува бројот на повторувања, исто така, мора да се одморите помеѓу секој сет.  Дознај повеќе за  овој тренинг.

10 Секунди Тренинг (Супер бавен тренинг). 10 секунди тренингот кој понекогаш се нарекува супер бавен тренинг, е одличен за елиминирање на било кој моментум (сила на забрзување) и ги одржува мускулите под постојана тензија во текот на изведување на движењето. Дознај повеќе за  овој тренинг.

Исометричен тренинг. Исометричните вежби вклучуваат контракција на мускулите во одредена агол. Можеби нема да ви бидеат користни исометричните вежби за подобрување на целокупната сила, брзина или издржливост. Дознај повеќе за  овој тренинг.

 

Запомнете, променете ја вашата тренажна програма после секоја 4-5 недела.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.