Намалете ги главоболките преку вашата исхрана

Главоболката е чест здравствен проблем за многу луѓе. Всушност, клучните зборови "како да се излечи главоболка" е пребарувано на  Google 135.000 пати месечно! Она што луѓето не сфаќаат е дека лекот за главоболка, може да се најде во вашиот фрижидер!

 

Јади храна која е богата со магнезиум.Храната богата со магнезиум како бадеми, спанаќ, и индиски оревчиња помагаат за намалување на главоболчката. Јадете  од овој вид на храна за да го регулирате  и избегнете доаѓањето до дилатација и стегање на крвните садови кои предизвикуваат главоболки.

 

Зелен чај
Кофеинот ви помага да се ослободите од болката 40% поефикасно. Затоа, напијте се една чаша зелен чај превентивно или за побрзо ослободување од главоболката.

 

Избегнувајте храна која ја активира главоболката.Алкохол, адитиви во храната, и храна која содржи тираминот (мувла) како кај некои сирења и ферментираната храна, предизвикваат главоболки кај луѓето кои се чувствителни на нив. Избегнувајте ја овие храна ако сте склони кон главоболки.

 

Одржување на балансот на електролит во топлитеденови.
Кога ќе се испотите, ќе загубите електролити како натриум, калциум, калиум, магнезиум преку вашата кожа. Бидете сигурни дека пиете пијалоци кои содржат електролити за да ја спречите појавата на топлотна главоболка.

Избегнувајте благи и слатки десерти
Јадењето слатки или храна богата со шеќери може да предизвика главоболки. Регулирајте го шеќерот во крвта со јадење протеини и масти во секој оброк, за да бидете по стабилни во текон денот и да ја избегнете појавата на главоболка.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.