Ако направите илјадници и илјадници стомачни во еден ден ќе имате рамен стомак со "плочки"

Да, многумина веруваат дека ова ќе ве доведе до прагот на дефиниран стомак … но залудно е тоа што после големио број на повторувања “салцето”  обично останува таму каде што било околу стомакот!

Причината е едноставна. Прво, стомачните мускули се многу мали  и тие неможат да ги потрошат големиот број на калории кои се складирани во поткожното масно ткиво!

Ослободувањето на енергијата е еден од клучните фактори за отстранување на вишокот на масти. Затоа вклучете ги сите други мускулни групи, за да потрошите повеќе  од резервната енергија која е складирана во форма на “сало”.

Еве неколку физички активности кој помагаат при согорувањето на калориите.