← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Не заборавајте да се загреете и оладите при вежбање

Пред да заполнете да вежбате, најпрво мора да се загреете. Загревањето претставува лесна физичка активност каде што го подготвуваме телото да ја издржи интензивната физичка активност што ќе следи во продолжение (тернинг, натпревар).

Загревањето треба да се состои од вежби кои започнуваат со мал интензитет и постепено треба да се зголемува напорот на загревањето. Со правилно загревање се подобрува контракцијата на мускулите за време на вистинската физичка активност. Освен тоа ќе има подобра циркулација на крвта, а со тоа и подобро снабдување на клетките со храна и кислород. Недоволното загревање значи полесно и почесто повредување.

После вежбањето мора да се оладите. Значи загревањето и оладувањето се дел од вежбањето во целина. Ако не се оладиме, тогаш премногу крв ќе имаме во рацете или во нозете, а ова може да предизвика болка. Со нерамномерното распределување на крвта во телото, кислородот ќе се распределува многу поспоро во мускулите. Така остатокот на млечната киселина ќе остане во мускулите и може да предизвика воспаление и болка. Оладувањето се изведува со вежби за истегнување, најчесто на мускулната група која ја имате вежбано.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?