Од Сол до Камен во Бубрег

Перпорачаната количина на сол, односно натриум хлорид е 4 – 6 грама и таа не треба да се надминува, иако здравиот организам има начини да го регулира сето тоа, но секогаш постои опасност од компликации. Солите како натриум и хлор се есенцијални за организмот бидејќи се оговорни за здравата состојба на крвта, работата на срцето, мозокот и за арпсорпцијата на гликозата. 

Но претераното внесувања од 10 – 30 гр. дневно, а понекогаш и повеќе може да доведе со сериозни нарушувања на здравјето, но не само на конкретен дел, туку страда буквално целиот организам.

Вишокот сол задржува повеќе од потребното вода во клетките, со тоа недозволувајќи да се исфрлат токсичните материи настанати како нус производ од метаболитичките процеси на клетката.

Солта го присилува калциумот да биде исфрлен од телото преку мокрачата, а ова доведува до недостаток на калциум во коските, што предизвикува остеопороза (кршливи коски), проблеми со забите и правилното функционирање на мускулите, односно контракциите.

Исфрлањето на калциумот преку бубрезите доведува до камен во бубрег, бидејќи се формираат соедниненија на калциум карбонат која претставува градбена состојка на кеменот во бубрег.

Иако натриумот го зголемува лачењето на хлороводородната киселина во стомакот, сепак прекумерното внесување може да предизвика рак на желудникот. Премногу сол предизвикува и висок крвен притисок и го нарушува балансот на натриум и калиум, со што се исфрла калиумот.

Обработената храна може да биде презаситена со натриум, а обичната готварска сол е 100% вештачки создадена со соединување на натриум и хлор.

Користете морска сол (крупни кристали), богата е со премногу соединенија (витамини и минерали), а и природно содржи јод.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.