Ослободете се од вишокот килограми без да изгубите од вашата мускулна маса

 

Ефикасен краток спринтерски тренинг може да се изведи за половина од времето кое е потребно за кардио тренинг (тренинг за издржливост), и произведува многу  подобри резултати.

      Во едно истражување беше направена споредба на 7-недела кратка-спринтерска тренажна програма со тренажна програма за  издржливост со поставени неколку маркери од здравствен карактер и тест проверка на перформансите на трка од 1600 метри. Учесниците беа сите рекреативни тркачи со еднаков здравствен статус. Интервалот на спринтерската програма траеше помалку од половина од време на тренингот за издржливост, кој се состоеше од 8 километри течање , три пати во недела. Спринтерската програма вклучуваше 3-5 сетови на кратки спринтеви (со времетраење од 10, 20, или 30 секунди) со максимална брзина.

      Резултатите покажале дека кај спринтерската група се зголеми максималната кислородна потрошувачка за 5 проценти, се постигна намалување на систолниот крвен притисок за 5 mmHg, и се намали ЛДЛ-холестеролот во голема клинички значајна количина, додека кај  групата со тренажна програма за  издржливост немаше измени во било кој од овие маркери. Покрај тоа, спринтерската група ги подобри перформансите на трката од 1600 метри за 6 проценти со оглед на групата со тренажна програма за  издржливост, во која немаше промена.

      Во ова истражување исто така беа поставени параметри за мерење (маркери) на мускулната адапрација за да се утврди дали тренажните програми произведуваат средина која е анаболна за изградба на мускулите или катаболична која  го деградира мускулите. Спринтерската програма води до мускулно протеинска синтеза, што покажува дека тренингот со висок интензитет, предизвикува забрзан анаболен стимул кој го спречува губењето на мускулното ткиво, што е особено важно ако сакате да  ослабете, а не сакаат да ги изгубите напорно заработените мускули во исто време. Спротивно на тоа, групата со тренажна програма за  издржливост произведува протеинско намалување во мускулите, што покажува дека мускулите се катаболизираат како резултат на тренингот за издржливост.

Ако сакате да бидете ФИТ, поздрави, убаво да изгледате, и да ги подобрите перформансите. Пробајте спринтеви со комбинација на тренинг за сила бидејќи ја го подобрува анаеробниот енергетски систем, кој придонесува да се произведе подобар телесен состав.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.