← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Освојте некоја планина или врв

 

Нема подобро чувство од тоа да се соберете друштво и да отидете на некоја планина, да освоите некој врв, па да организирате ручек.

Одберете патека и впуштете се во лично откривање на природното и културното наследство на Македонија. Дишете го свежиот воздух и пијте од студените планински извори.

Облечете ги најудобните патики или чевли кои ги поседувате и качете се до онаму до каде што се чувствувате добро. Секој нареден пат ќе стигнувате повисоко и ќе се чувствувате подобро.

Качувајте се полека, разгледувајте ја природата и уживајте во неа. Кога веќе сте се качиле на врвот и ќе погледнете наоколу уживајте во прекрасната глетка, знаејќи дека сте срушиле уште една лична препрека.

Во повеќе градови во Македонија активни се неколку планинарски друштва, распрашајте се и придружете се, тие секоја недела организирано ја поминуваат во природа.

 Нивна цел е да ги собираат работните луѓе и граѓани, а особено младината  за активно движење во планина заради рекреација и физичко воспитување,  да пронаоѓаат нови природни убавини, богатства и културно-историски споменици. Ваше е да имате само добра волја.

Посетете ги местата каде до сега не сте биле, има што да се види !

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?