Подобрето го вашето здравје, јадете Таан

 

Таанот, е направен од сусам, и нуди многу здравствени придобивки, вклучувајќи здрави макронутриенти и голема разновидност на витамини и минерали.

Калории

Една суп. лажица таан, додава 89 калории во вашиот оброк. Иако таано може да се консумира чисто без ништо, тој обично се комбинира со мед (медотаан), или како додаток во вашите шејкови (блендана храна).

 

Јаглехидрати и протеини

Една суп. Лажица таан содржи  3,2 g на јаглехидрати и 2,6 g на протеини. Овие мали количини ја дополнуваат  вашата исхрана, но не придонесуваат во голема мера за вашата дневна потреба. Потребно е дневно да се консумираат 225-325 гр јаглехидрати и 50-175 g протеини секој ден за снабдување на вашиот организам со енергија.

 

Масти и масни киселини

Една суп. лажица таан содржи 7,9 g на масти, а само 1,1 g од овие масти се заситени (лошиот тип на масти). Ограничете го внесот на масти на 20 до 35 проценти од вкупните  дневни потреби. Таанот е извор на здрави масни киселини, кои содржат 60,1 mg на омега-3 масни киселини и 3,421 mg на омега-6 масни киселини. Вашиот организам не ги произведува овие масни киселини, кои се корисни за вашиот мозок и вашето срце.

 

Тиамин

Консумирајте  таан за да го зголемите внесот на тиамин. Тиамин во таанот влијае на вашиот нервен систем, мускулите и варењето на храната. Може да бидете изложени на ризик од недостаток на тиамин кога ќе поминете низ откажување од алкохол, па дополнувањето на  вашата исхрана со таан може превентивн ода ве варди од компликации на срцето и гастроинтестинални проблеми.

 

Фосфор

Таанот обезбедува 12 отсто од дневните потреби на фосфорот. Овој минерал  од е од голема важност за силата на вашите коски и заби. Исто така, одлично го отстранува отпадот од бубрезите. Зголемувањето на вашата доза на фосфор со јадење таан е добар избор.

 

Бакар

Потребна ви е само мала количина на бакар во вашата секојдневна  исхрана, а таанот може да ви помогне да ги задоволат тие потреби за исхрана. Овој минерал помага да се задржат вашите крвни садови и коските здрави. Исто така, помага при  произведувањето на  црвени крвни зрнца, што влијае на количината на енергија што ви е потребна  за вашите секојдневни активности

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.