Правила за џогирање

Како почетници, имате многу да научите за да преминете од почетниците до искусни тркачи. Без разлика дали се подготвувате, тренирате за маратон или за да го подобрите вашето здравје, можете да ја зголемите вашата брзина, издржливост и безбедност, едноставно со следење на основните правила за џогирање. Со преземање на мерки на претпазливост за внимателно џогирање.Вие не само што ќе имате пријатно време, Вие ќе извлечете многу повеќе бенефиции за подобрување на вашите перформанси и вашето здравје.


 

Безбедност
Безбедноста треба да биде еден од првите приоритети кога ќе започнете со било каков тренинг. Додека џогирате, морате да се заштитите од неблагодарните работи, автомобили, непознати странки и слични елементи. Затоа одберете место за џогирање каде нема голем проток на автомобили . Ако мора да џогирате во текот на ноќта и џогирате покрај градските улици, движете се по тротоари и носете рефлексивни ленти за да бидете лесно приметливи. Кога е можно, останете на тротоарот и почитувајте ги сите сообраќајни знаци за ваша безбедност. Секогаш кажувајте некому за тоа каде одите и кога ќе треба да се вратите и носете мобилен телефон со вас.

Соодветна облека
Секогаш облекувајте се соодветно на временските услови. Патиките се многу битен фактор, доколку трчате на поголеми дистанци, задолжително е да користите маратонки патики кои се ласни, удобни и со мека подлога.

Имајте трпение
Не брзајте, неможете да станете искусен преку ноќ. Ако го форсирате вашето тело премногу , џогирањето може да стане болно и со негативни искуства за вас. Почнувајќи со постепено зголемување на интензитетот на темпото и промена на брзината, ќе имате доволно време да го трениратет вашето тело за да станете посилни и по издржливи. Слушајте го вашето тело, прекинете го тренингот доколку се чуствувате без здив или чувствувате замор, омалаксаност, имате болки во нозете, потколениците, колената или колковите. Бидете разумни и градете ја вашата издржливост полека и постепено. Така џогирањето ќе биде поздраво, повеќе позитивно и ќе бидете наградени со подобро искуство.

Контроирајте го дишењето
Кога ќе вложите поголема енергија при тренирањето, природно е човекот да го сопре својот здив за   да има повеќе моќ. Но задржувањето на здивот може да ја намали вашата издржливост, додека џогирање. Пред да започнете, бидете сигурни дека можете да дишете длабоко. Дишење правилно додека тренирате ќе ја зголеми издржливоста и удобноста. Затоа фокусирајте се на ритмично и подлабоко дишење.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.