Продолженото седење го нарушува вашето здравје

Најверојатно веќе знаете дека пушењето цигари, долгорочното изложување на сонце, злоупотребата на алкохолот, дрогата или лековите, како и лошата исхрана или прејадувањето се лоши за вашето здравје. Сега можете во оваа листа да го додадете и продолженото седење кое значително го зголемува ризикот од голем број заболувања.


Научниците ги истражувале некои од најчестите и смртоносни заболувања во нашето општество, како што се здебелувањето, срцевите болести и дијабетес, и откриле дека седењето има длабоко негативни ефекти врз метаболизмот на мастите и холестеролот. Мастите во крвта се разложуваат од страна на ензимот липаза, а потоа се апсорбираат во мускулите како резервна енергија.

Циркулацијата на липаза, ензимот за апсорпција на масти, се деактивира од страна на неактивноста од продолженото седење, оставајќи ги мастите во крвта повторно да кружат и да се складираат како телесни масти или да ги затнат артериите. Тоа не е чудно што големиот број студии покажале дека луѓето кои седат многу имаат два и три пати повеќе масно ткиво, срцеви болести и дијабетес.

Ако тренирате скоро секој ден за половина час, а работата ви наложува да седите 6-8 часа во текот на денот, тогаш половина час вежбање не е доволно за да ги надминете негативните ефекти од  повеќе часовната  продолжена физичка неактивност, која влијае лошо врз метаболизмот на мастите и холестеролот.

Седењето е опасно поради две причини:

1) Кога седите со неправилно држење на 'рбетот и отстапувате од неговата нормална форма, со што ги стимулира пршлените, мускулите и зглобовите – често да предизвикуваат болки во грбот, па дури и деформитети.
2) Кога седи премногу долго, организмот е неактиве, вклучувајќи ги циркулацијата, дишењето, и варењето на храната –што придонесува здравствени проблеми.

Како да го избегнете продолженото седење на вашето работно место:

– Станете од пред компјутерот, и направете пријатна прошетка на вашата пауза за ручек
– Доставете и пораки на своите колеги во лице, наместо со испраќање меил или смс порака.
– Ставете ја хефталица и кантата за отпадоци на другата страна од канцеларијата.
– Намалуете на гледање телевизија. Стани кога менувате канали.
– Поставите ПОТСЕТНИК на вашиот компјутер да ве потсетува да застанетте и да се истегнете на секои 30 минути.
– Станете кога телефонот ѕвони.
– Користете го тоалетот кој се наоќа надолу по скалите.
– Размислете на свои начини као да додадете физичка активност во текот на вашиот работен ден и во слободното време.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.