Растворливоста на витамините

Откако ќе ги дознаете следниве работи ќе се замислите за тоа како ќе ја јадете храната и како ќе ги внесувате витамините. Витамините се класифицирани во 2 групи: витамини растворливи во масло (A, D, E и K) и витамини растворливи во вода (B и C). Разликата помеѓу овие 2 групи на витамини е многу важна, бидејќи покажува како делува и како реагира секој витамин во човечкото тело.

 

ВИТИМИНИ РАСТВОРЛИВИ ВО ВОДА

Оваа група на витамини спаѓа витаминот Ц и витамините од Б комплексот, кои што се 8 на број: Б1 – тиамин, Б2 – рибофлавин, Б3 – ниацин, Б5 – пантотенска к-на, Б6 – пиридоксин, Б7 – биотин, Б9 – фолна к-на и Б12.

 

Витамините растворливи во вода се неактивни во нивната таканаречена слободна форма и мора да бидат активирани до нивната коензимна форма. Витамините од Б комплексот и витаминот Ц се растворливи во вода, па затоа доколку не се искористат од телото, тие не се складираат туку се исфрлаат низ мокрачата. Затоа тие мора да се внесуваат секојдневно, препорачливо преку мултивитамински напиток со висок квалитет.

 

Витамините растворливи во вода се апсорбираат во цревата и преминуваат дирекно во крвта каде што се пренесуваат до сите ткива, па оттука започнува нивното користење и бенифитот на човекот. Ткивото може да складира само ограничена количина од овие витамини и кога ќе стане заситено, остатокот се исфрла во мокрачата. Исклучот е само Б12 која се исфрла преку изметот, а понекогаш и Б7 и Б9.

 

Ова спречува да се предозираме, но и не обврзува секојдневно да ги внесуваме витамините. Најдобро е да се внесуваат континуирано во текот на целиот ден со храна богата со овие витамини. Ефектите на витамините растворливи во вода се од витално значење, бидејќи делуваат како коензими во телото при што се важни за нормалниот апетит, добриот вид, здравата кожа, срце и нервниот систем, како и формирањето на крвта.

ВИТАМИНИ РАСТВОРЛИВИ ВО МАСЛО

Овие витамини се растворливи само во липиди (масти) и спаѓаат витаминот А, Д, Е и К. Овие витамини обично се апсорбираат во масти, глобули (наречени хиломикрони) кои патуваа преку лимфниот систем на тенкото црево и оттука влегуваат во крвта. Витамините растворливи во вода, особено витаминот А и Е се складираат во ткивата во телото.

 

Овие витамини откако ќе бидат складирани во ткивата, настојуваат да остана таму. Ова значи дека ако некој внесува премногу витамини од овој тип, со тек на време ќе има присутно премногу од овие витамини во телото. Оваа потенцијално опасна состојба се вика хипервитаминоза.

 

Недостаток на витамините растворливи во масло може да се појави доколку внесот на мастите е многу низок и нивната апсорбција ќе биде попречена, како и внесување на лекови во организмот или болест од типот  цистична фиброза.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.