САЛАТА ОД КРАСТАВИЦИ И ДОМАТИ

Краставицата и доматот се сметаати за зеленчук и за овошје, кој се достапна преку целата година и во сезоната во текот на летото. Тие се комбинираат за да се добие едноставна салата со маслиново масло,  која е дел од традиционалната Македонска кујна. Има повеќе различни сорти на краставици, но повеќето имаат сличен вкус. Домати ги има во различна  големина, а нивната боја може да биде  жолта, црвена или виолетова. Содржината на доматите и краставицата вклучуваат здрави хранливи материи кој се неопходни за нашето здравје.

Домати

Во еден домат со средна големина во дијаметар од 5 см обезбедува 22 калории. Исто така содржи 1 g протеин и 1,5 g растителни влакна кој го исполнуваат вашиот стомак и го заситуваат вашиот апетит. Доматот содржи 292 mg на калиум кој одлично ја балансира течноста во вашето тело. А вишокот на течности во вашето тело може да го зголеми крвниот притисок. Исто така содржи17 mg на витамин Ц . Доматот исто така, го обезбедува вашето тело со хидратација. Неговиот состав се состои од просек од 94 отсто вода.

Краставица

Во една краставица со средна големина содржи 1,2 g. Протеин, 4,3 g јаглени хидрати и 1,4 g растителни влакна. Јаглехидратите се примарен извор на енергија за нашиот организам и растителните влакна го подобруваат дигестивното здравје преку обезбедување на супстанцијата во изметот кој го стимулира елиминација на здрав отпад. Краставицата исто така, обезбедува 273 mg на калиум, кој ги  регулира електричните импулси во нашето срце, и спречува аритмии кои го попречуваат нормалното кардиоваскуларно здравјет. Составот на краставица е првенствено вода. Секоја краставица е околу 97 проценти вода.

 

Салатата од краставици и домати, е фантастичен чувар за здравјето на вашето срце. Затоа вклучете ја оваа салата во вашата исхрана.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.