Танцувајте за да го подобрите Здравје и вашиот Фитнес

Ако сте во потрага за нов и позабавен фитнес начинна тренирање, зошто не се обидете со  танцување?
Танцувањето едноставно никој не го смета за тренинг, поради тоа што е премногу забавно и пријатно. Овој елемент на забава е токму она што го прави танцувањето како одличен начин за постигнување на ФИТ форма.Експертите препорачуваат 60 минути “вежбање / танцување” секој ден, kako здрав аеробen тренинг.

 

Ако танцувате со побрзо темпо, може да согорите многу калории исто како со одење, пливање или возење велосипед. Покрај тоа што е забавно, секој танц се грожи за вашата општа здравствена состојба.
Во една студија, истражувачите поставиле педометар на некој плоштад каде танчерите танцувале  цела вечер  и откриле дека со нивните чекори поминуваат речиси скоро 8 км во една вечер на играње.

Трчањето на тредмил и возењето велосипед за триесет минути, може да ви помине многу досадно и споро без да се обрнува внимание на сензациите во вашето тело, затоа танцување е многу по различено, бидејќи го стимулира вашиот ум во текот на целата сесија. Мора да се обрнеува внимание на вашите чекори цело време и да се предвиди следниот потег, што ве  држи поврзани со вашето тело цело време, без да се досадувате.

 

Покрај тоа што танцувањето го зголемува протокот на крв во мозокот, гледано од социјален аспект, танцот ги намалува стресот, депресијата и осамеността. Потребата да се запаметат чекорите и да се работат во синхронизација со партнер, исто така, обезбедува ментален предизвик што ги држи умот активен.

 

Танцувањето, исто така, се смета за одлична и соодветна вежба за намалување на вишокот килограми, што значи дека може да помогне и за зајакнување на коските и борбата против остеопорозата. При танцувањето се вклучуваат и  агилност, рамнотежа, и други квалитети кои не се негуваат во типичниот тренинг во теретана.

Ако сте во потрага за подобрување на вашето здравје и фитнес ниво,  танцувањето ви нуди многубрјни предност:

– Посилни коски
– Голема издржливос
– Ослободување од стрес
– Поголема флексибилност
– Подобро држење
– Подобрената рамнотежа
– Вкупното телесно тонирање
– Ослабување на вишокот килограми
– Подобрување на кардиоваскуларниот систем
– Намалени болки во грбот

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.