← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Упорност, трпение и напредок

Кога станува збор за напредок, сите сакаме да ги добиеме најдобрите резултати за што е можно пократко врме или народно кажано преку ноќ.
За да се достигнат финалните чекори не е доволно само по себе да се има совршена тренажна програма, треба да се вложи и упорност и трпение а со нив доаѓа и напредокот.

Мора да продолжите да тренирате редовно, да бидете трпеливи за целните резултати (поголем мускулен раст, намалување на вишокот килограми, подобра кондиција итн.) и секогаш следете го и набљудувајте го вашиот прогрес.

1. Упорност – Сакате да се здобијат со мускулест изглед? Тогаш мора да бидете упорни, мора да се вложува максималниот труд и да се работи напорно, “престанете да се лажете самите себе.”

2. Трпение – Исто како и упорноста, трпението игра доста голема улога. Морате да научите дека најдобрите резултати доаѓаат со трпението. Не е важно што ви велат нутриционистичките компании кои продаваат суплименти  или фитнес списанијта, вие сигурно нема да се здобиете со 5кг цврсти и чиста мускулна маса  за еден месец тренинг, ако беше све толку лесно, сите ќе изгледа како професионални бодибилдери со по само една година тренинг во некој фитнес клуб.! Имајте трпение и продолжете и понатаму да тренирате за да ги постигнете  посакуваните резултати.

3. Напредок – За да го забележете напредокот и за да знаете до каде е вашиот прогрес,  потребно е да ги запишувате вашите  тренинзи и да правитее тестирање на 4-6 недели за да видите уште колку ви фали до посакуваните резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?