Вежбњето во вода како сретство за опоравување на мускулите после напорен тренинг или натпревар

Опоравувањето од напорен тренинг или натпревар, е секако важен аспект за спортистите и напредните аматери. Ако опоравувањето после тренингот се изврши на квалитетен начин, спортистот ќе биде спремен за многу пократко време да продолжи повторно со тренинг.

Појавата на болка во мукулите (мускулното воспаление) се случува во рок од 24 часа по  интензивно вежбање и е една од најчестите причини зошто на наредниот тренинг се чуствувате тешко и поспори. Ова се случува поради тоа што имате пролонгирано закрепнување. Оваа појава е предизвикана од микроскопски оштетување на мускулните влакна и поради акумулација на течност (едема) во некои сегменти на мускулното ткиво. Поради ова воспаление во мускулите, капацитетот за работа може да се намали, дури и во следните две недели. Според значењето на овој феномен, многу спортски тимови и фитнес клубови во последниве години се повеќе и повеќе корстат различни методи за опоравување, а голем дел од нив се изведуваат во вода. Ајде да видиме што е ефективноста на овие програми во вода кои придонесуваат за брзо и квалитетно закрепнување на спортистите.

Според една неодамнешна студија од Јапонија, која беше изведена на тркачи на подолги патеки, со возраст од 20 години се истражуваше истражувањ, дали работниот капацитет на мускулите на нозете при екцентрична контракција со висок интензитет може да бидат побрзо закрепнати по тренингот со методска програма на  вежби во вода.

Резултатите од ова истражување се силнен докази дека вежбањето во вода по напорни физичка активност придонесува за обновување на мускулната сила, намалување на инциденцата на болка во мускулите и подобрување на флексибилноста. Се чини дека во прилог на зголемувањето на отпорот на движењето во вода, процесот на активно закрепнување во вода доведува до намалување на нивото на оптоварување во зглобовите и се зголемува опсегот на движењето во сите зглобови. Во прилог на физиолошки придонес за опоравување е на спортистите, вежбањето во базен може да бидат корисно за нивното психичко закрепнување, поради тоа што базенот е обично поврзан со позитивни и релаксирачки чувства.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.