Видови на сила & број на повторувања

Постојат различни типови на сила кои можат да се постигнат со избирање на одреден број на повторувања. Тренингот за сила се случува кога ќе почнете да кревате тежини  помеѓу 60-100%  од вашиот Макс (1RM). Максималниот број на повторувања, 1 Repetition Max или на скратено (1RM ), се мери како изведување на 1 поткревање на максималната тежина која можете да ја поткренете само еднаш. На пример: Ако кревате 70 кг на Бенч Преса со 10 повторувања, тогаш ќе можете да изведите 1 повторување со 90 кг. Тоа ке биде вашиот макс-1RM.

 

НАЈЧЕСТИТЕ ВИДОВИ СИЛА

Максимална сила
Тренингот за максимална сила бара кревање на тешки тегови со мал број на повторувања. Вие треба да изведувате помеѓу 1-5 повторувања, со користење на 80-100% од вашиот 1RM. Овој тип на тренинг е корисен за, олимписко керевање на тегови, стронгмен и одредени олимписки спортови, како што е фрлање Џуле.

Моќ / брзина
Тренингот за моќ и брзина бара повисок број на повторувања, 8-12, со користење на 70-80% од вашиот Макс- (1RM). Овој тип на тренинг е корисен за експлозивните спортови, како што се: Атлетските дисциплини спринт, скокање, фрлање и сл. Во суштина, концептот на тренингот за моќ и брзина е да се крева тегот што е можно побрзо, ова секогаш треба да ви биде во фокус кога тренирате за моќ.

Силовита издржливост
Тренингот за силовита издржливост бара уште поголем број на повторувања, 12-20, со користење 50-60% од вашиот макс- (1RM). Овој тип на тренинг е корисен за теренски спорт, како што се фудбал или хокеј на трева и боречки вештини.

Мускулна маса и сила (Мускулна Хипертрофија)
Тренингот за големина и сила е најверојатно најчестиот метод на тренирање. Да се тренира за големина и сила потребен е медиум спектар на повторувања, 8-12, со 70-80% од вашиот макс-  (1RM). Јас би сугерирал дека сите Рекреативци кои тренираат бодибилдинг,  тренираат на овој начин, најверојатно без да сфатат дека тие паралелно тренираат за  зголемување на мускулната маса и силата. Секако дека ке добиете сила со овој вид на тренинг , но нема да биде толку ефикасно како тренингот за максимална сила.

 

Тестирањето за вашиот макс – (1RM) не е секогаш идеално и треба да биде одвоено од вашиот тренинг. Ако пробате 1RM за време на вашиот тренинг, тоа ќе стане помалку прецизно, што се должи на заморот од претходното вежбање. Второ, да се тренира со 1RM може да биде опасно, особено кревањето на бенч преса. Затоа, доколку се решите да го тестирате вашиот макс –(1RM) , направете го тоа со асистенција.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.