Виножитото на овошјето и зеленчукот

Поголемиот број на луѓе знаат дека јадењето на овошје и зеленчук преку текот на целиот ден е многу важно за здравјето, но помалку е познато дека овошјето и зеленчукот треба да варира и да се застапат најразличните бои, со што би се искористиле здравствените придобивки во целост.

Овошјето и зеленчукот се многу важни за нашето здравје, бидејќи тие се целосна храна, создадена од природата, а воедно богата со природни состојки. Преработената храна која што најчесто се јаде, НИКОГАШ неможе да се спореди со здравствените придобивки кои ги нудат јагодите или блокулата, кои што содржат растителни влакна, витамини, ензими вградени во самите нив.

Фразата "Јади го виножитото"  е лесен начин да запомните дека треба да ги јадете овошјата и зеленчуците од сите бои, за да го максимизирате внесувањето на сите корисни состојки.

 ЦРВЕНА

Овошјето и зеленчукот со црвена боја содржи состојки како ликопен, елагична киселина, кверцетин и хесперидин. Овие состојки делуваат превентивно при ризик од рак на простатата, го намалуваат крвниот притисок, го намалуваат растот на веќе постоечките тумори и ЛДЛ холестерол. Исто така се борат со слободните радикали и во случаите на артритис даваат подршка во подвижноста на зглобовите.


 

 ПОРТОКАЛОВА И ЖОЛТА

Овошјата со овие две бои содржат бета-каротен, зеаксантин, флавоноиди, ликопен, калиум и витамин Ц. Овие состојки ги намалуваат проблемите со очите при стареење, ризикот од рак на простатата, понизок крвен притисок и ЛДЛ холестерол, потикнуваат формирање на коалоген, како и здрави и подвижни зглобови. Исто така, поради големото количество на моќни антиоксиданти, успешно се справуваат со слободните радикали и предвременото стареење, ја одржуваат алкалната состојба на телото, како и успешната косоработка со калциумот и магнезиумот при изградбата и здравјето на коските и забите.


 

 ЗЕЛЕНА

Зелените зеленчуци содржат хлорофил, растителни влакна, леутин, зеаксантин, калциум, витамин Ц и бета-каротин. Состојките кои се наоѓаат во овие зеленчуци го намалуваат ризикот од рак, ја прочистуваат крвта симулирајќи трансфузија на крв, го намалуваат штетниот ЛДЛ холестерол и крвниот притисок, го нормализираат времето на дигестија на храната, го подржуваат здравиот вид, се борат со слободните радикали и го ставаат имуниот систем во полна активност.


 

 СИНА И ВИОЛЕТОВА

Овошјата и зеленчуците со оваа боја содржат состојки како лутеин, зеаксантин, ресвератрол, витамин Ц, растителни влакна, флавоноиди, елагична киселина и кверцетин. Овие состојки помагаат во одржување на здравиот вид, го намалуваат ЛДЛ холестеролот, го одржуваат имуниот систем на највисоко ниво на одбрана, помагаат во нормална дигестија, ја подобруваат апсорпцијата на калциумот и другите минерали, се борат со воспаленијата, го успоруваат растот на веќе постоечките тумори, но исто така делуваат анти-канцерогено во дигестивниот трак и ја ограничуваат активноста на клетките на ракот.


 

 БЕЛА

Содржи состојки како бета-глукеин, ЕГЦГ (epigallocatechin-3-gallate), СДГ (Secoisolariciresinol diglucoside) и лигнан кои обезбедуваат моќна подршка на имуниот систем. Овие состојки исто така ги активираат природните убијци на се што е опасно за нашето тело, Б и Т клетките, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево (најчестиот рак кај мажите), ракот на дојката и простатата. Тие помагаат во балансот на нивоата на разните хормони, а што е уште поважно, го намалуваат ризикот од хормонски поврзаните тумори.


 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.