← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Влијанието на алкохолот кај спортистите

Конзумирањето на алкохол го намалува лачењето на хормонот за раст. Овој хормон игра многу важна улога ако сакаме да ја зголемиме нашата мускулна маса. Тој го стимулира зголемувањето на мускулите, развојот на клетките и допринесува за развојот на коскеното ткиво. Хормонот за раст најмногу се лачи за време на спиење. Алкохолот го нарушува природниот ритам на сонот и го намалува лачењето на овој хормон за 70%.
Тестостеронот е друг многу важен хормон, кој исто така е многу потребен при тренажниот процес. Тој е причината што мажите можат да развиваат многу поголеми мускули од жените. При конзумација на алкохол, во црниот дроб се лачи материја која го спречува лачењето на тестостерон. Оваа материја ја намалува концентрацијата на тестостерон во телото, а со самото тоа ги спречува мускулите да растат.

Алкохолот ја намалува способноста за опоравување на телото и мускулите после напорниот тренинг. За организмот да го исврли алкохолот троши енергија. Таа енергија која се троши за да се неутрализираат штетните ефекти од алкохолот врз ткивата, значително ја намулава енергијата која ни е потребна за тренинг.
Дехидрацијата е друг проблем со кој ќе се соочите доколку конзумирате алкохол. За да го задржите балансот на течности во организмот треба да конзумирате безалкохолни и безкофеински пијалоци кои ќе го обноват балансот на течности во организмот. Други последици од дехидрација се; замор, намален имунитет, чувство на глад.

Алкохолот може да предизвика зголемувње на крвниот притисок и пореметување на работата на срцето. Кога срцето е оптоварено, тренингот ќе ве замори многу повеќе отколку ако не конзумирате алкохол.
Освен сите набројани штети кои ни ги носи алкохолот, тој е и многу калоричен. Познато е дека една чашка жесток алкохол, има калории колку една кременадла. Така конзумирањето на алкохол ќе се одрази погубно на нашата тежина.

Заклучокот е повеќе од јасен, алкохол и тренинг не одат заедно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?