Влијанието на надморската височина врз Спортските Перформанси

         Регионите кој се наоѓаат на голема  надморска височина имаат понизок притисокот на воздухот, што го отежнува  транспортот на кислород  од белите дробови до крвта додека дишеме. Многу спортисти веруваат дека тренинго изведен  во такви региони ја подобрува нивната физчка способност. Од таа причина, многу спортисти тренираат во планинските области за неколку недели пред натпревари. Некои спортисти и  живеат во овие реони, подолг временски период за да го зголемат нивниот физички развој.

         Колку е поголема надморската височина, толку е потешко да се изврши аеробна активност. Многу спортисти веруваат дека тренинзите изведени на  голема надморска височина, ќе ја зголемат ефикасноста на нивниот кардиоваскуларен систем. Кога овие спортисти подоцна ќе се натпреваруваат на пониска надморска височина, тогаш нивниот нивниот добро развиен кардиоваскуларен систем може да им даде предност над своите противници. На пример, тоа може да ја зголеми нивната издржливост, бидејќи нивниот организам обезбедува кислород до мускулите многу поефикасно.

        Најчесто спортистите одат на припреми, на планински предели со голема надморска височина. Кога патувањето е невозможно, некои спортисти се обидуваат да се аклиматизирам со трошење време во специјални шатори или комори кои симулираат големи надморски височини (ХИПООКСИЧЕН ТРЕНИНГ). Хипоксијата, или недостатокот на кислород во крвта, што произлегува од употреба на такви уреди стимулира производство на еритропоетин во  организмот, кој во други форми е претставен како допинг, која многу спортски организации го забрануваат. Дали употребата на овие специјални шатори се смета за допинг е прашање за кое, во атлетските организации сеуште се размислува.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.