Заштитите го долниот дел на грбот – КИЧМА

Многу е важно да имате цврсти мускули на долниот дел на грбот. Вежбите за подобрување на силата на долниот дел од грбот го подобруваат мускулниот развој, а тоа ќе ви овозможи да бидете по ефективни. Кичмата е дел  од телото, каде често може да се доживее болка, само поради мала невнимателност или неправилно изведување на некои од вежбите како што се: мртви поткревања, чучњеви, тренинг со руско звоно, итн.

За да го заштитите долниот дел на грбот – кичмата, првото нешто што требате да се земете во предвид е со колкав голем интензитет тренирате. Ако често трчате, скокате, тренирате со кревање на потежок товар ( правење на чучњеви и мртви поткревања на пример), тогаш постои многу поголема шанса да доживеете повреда.

Особено тркачите треба да внимаваат, бидејќи секој пат кога ќе направиме чекор додека трчаат, во тој момент имаат терет повеќе од три пати од нивната телесна тежина кој слегува на нив, голем дел од таа тежина се фокусираше на долниот дел на грбот. Користењето на соодветни патики за трчање е добар начин да се спречи болката, исто така треба повеќе да се трча на мекана подлога (трева, земја, специјни патеки).

Друг голем фактор на кои треба да се размислува е позицијата на правилно држење на вашето тело. Ако имате многу лоша навика за одржување на вашето тело, и се прекршувате во кичмата секогаш кога стоите исправено, каде карлицата ротира напред создавајќи голем крива, тоа  додава дополнителен притисок врз вашите пршлени . Секогаш морате да се обидувате даодржувате соодветно усогласување на 'рбетниот столб за да ја спречите болката.

Бидете сигурни дека секогаш сте свесни за овој дел од телото кога изведувате некоја вежба или движење. Еве неколку совети Како да се ослободите од болката во грбот.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.