← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Зошто да јадеме мушмули?

Мушмулите се вкусни и корисни, но многу малку луѓе се запознати со нивните квалитети. Овие прекрасни есенски плодови се незаслужено потценувани. Зошто да јадеме мушмули?

Мушмулите се богати со скроб, растителни влакна, пектин и органски киселини. Исто така содржат и големо количество витамини – А, Ц и витамини од групата Б, минерали – калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, натриум и други.

 

Мушмули – здравствени придобивки

         –          Мушмулите ја прочистуваат крвта и ги зајакнуваат крвните садови.

         –          Ја подобруваат функцијата на жолчката, бубрезите и црниот дроб.

         –          Мушмулите го стимулираат растот кај децата.

         –          Го смируваат нервниот систем.

         –          Мушмулите го подобруваат варењето и стимулираат согорувањето на маснотиите.

Мушмулите зрејат во септември, но остануваат на дрвото до ноември, па потоа паѓаат. Во почетокот се тврди, но по паѓањето на првите мразови, стануваат меки, слатки и ароматични, а аромата на вкусот им се намалува. Затоа се препорачувада се соберат плодовите пред да падне првиот мраз, да се стави овошјето во дрвени садови и да ги чувате на ладно и во проветрен простор. Така ќе се задржат до два месеци.

Освен тоа, треба редовно да се прегледуваат за време на досозреването, плодовите кои се омекнати, веднаш се отстрануваат и консумираат, бидејќи се сплеснуваат и ги оштетуваат останатите плодови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?