Цело време сакате да започнете со тренинг, а тој ден никако да дојде. Тоа, најчесто се случува поради некои фактори, кои знаат да ја притиснат и нашата волја. А тоа се:

Недостаток на време?

–         –   Во еден ден има 1.440 минути, сигурно можете да одвоите 20 минути за вашето здравје.

Недостаток на енергија?

–         –  Поради недостатокот на енергија, чуствувате голем замор кој ја потиснува животната енергија и волјата за напредок. Затоа се чувствувате исцрпени и слаби.

Недостаток на мотивација?

–         –  Недостатокот на мотивација, води кон депресија. Затоа  мислете позитивно и дружете се со позитивни личности. Договорете го вашето друштво за прошетка во природа.

Недостаток на информација?

–         –  За да се биде здрав, доволно е оптимална физичка активност, немора да се форсирате. Не ви е потребно којзнеа каква професионална тренажна програма. Едноставно започнете со тренинг.