Бараш персонален тренер во Скопје? Во фитнес студио Мој Тренер, Даниел Трбогазов води индивидуални тренинзи со програма приспособена на твојата физичка подготвеност, искуство и цели. Добиваш насоки за техниката на вежбање, изборот на вежби и оптоварувањето, со следење на напредокот.

Тренирај еден на еден, со партнер или во мала персонална група во нашето студио на Вера Јоциќ бр. 5, локал 1, Скопје. Погледни ги пакетите и цените и избери пристап што ти одговара.

Како започнуваш со персонален тренинг?

  1. Разговор за твоите цели. Го споделуваш претходното искуство, распоредот и евентуалните ограничувања.
  2. Прв тренинг со стручно водство. Ги приспособуваме вежбите и темпото на твојата моментална физичка подготвеност.
  3. План и следење на напредокот. Го договараме форматот на тренинг и ја приспособуваме програмата со текот на времето.

Твојот персонален тренер

Даниел Трбогазов е основач на Мој Тренер, персонален тренер и асистент по пливање на ФФОСЗ. Во работата со клиентите се фокусира на правилно движење, постепено оптоварување и континуитет. Запознај го Даниел и неговата стручна работа.

Видови персонални тренинзи

– ПЕРСОНАЛЕН ТРЕНИНГ “ЕДЕН-НА-ЕДЕН”
Оваа услуга е наменета за лица кои:
сакаат целосна приватност
имаат повреда или специфични ограничувања
сакаат максимално внимание
имаат потреба од индивидуална програма
Со овој пристап добивате персонализиран план за:
подобрување на физичкиот изглед
зголемување на кондицијата
развој на силата
оптимизација на перформансите
Тренерот го насочува целото внимание кон твојата техника, темпо и напредок.

– ПЕРСОНАЛЕН ТРЕНИНГ “СО ПАРТНЕР”
Оваа опција ви овозможува да тренирате заедно со:
пријател
член на семејство
партнер
Предности:
споделување на трошоците
зголемена мотивација
подобра работна атмосфера
заеднички напредок

МАЛИ “ПЕРСОНАЛНИ ГРУПИ” (4–8 лица)
Тренинзите во форма на мала персонална група претставуваат одлична комбинација на:
тим билдинг
персонален пристап
групна енергија
Формирајте сопствена група од 4 до 8 членови и тренирајте со персонален тренер во мотивирачка атмосфера.
Идеално за компании, пријателски друштва и спортски екипи.

Личен тренер за твоите цели

Програмата за тренинг може да биде насочена кон зголемување на мускулната маса и силата, подобрување на кондицијата и издржливоста или поддршка при намалување на телесните масти. Вежбите за флексибилност и контролирано движење ги приспособуваме на твоите можности. Напредокот зависи од редовноста, исхраната, одморот и почетната состојба.

Дали личните тренинзи се погодни за почетници?

Да. Почнуваме со разговор за твоите цели и претходно искуство, а техниката и интензитетот ги приспособуваме на твојата моментална физичка подготвеност.

Која е разликата меѓу индивидуални и персонални групни тренинзи?

На тренинг еден на еден работиш индивидуално со тренерот. Тренингот со партнер и малите персонални групи овозможуваат заедничко вежбање со стручно водство. Подолу можеш да ги споредиш пакетите и цените.

Колку чини персонален тренер?

Пакетот еден на еден започнува од 12.000 денари за 12 тренинзи месечно. Со партнер, пакетот од 12 тренинзи е 8.000 денари по лице, а во персонална група од 4 лица е 5.000 денари по лице. Сите опции се прикажани во ценовникот подолу.

Колку пати неделно се тренира?

Пакетите нудат 3, 4 или 5 тренинзи неделно. Заедно го избираме распоредот според твоите цели, физичка подготвеност и време за одмор.

Каде се одржуваат тренинзите?

Во фитнес студио Мој Тренер, на Вера Јоциќ бр. 5, локал 1, Скопје. За прво доаѓање јави се на 078 352 437 за бесплатен пробен тренинг; терминот се потврдува со Даниел.

Што вклучува персоналниот тренинг?

Секој персонален пакет вклучува:
Индивидуализиран пристап
Персонална фитнес програма
Совети за исхрана и редовни консултации
Следење и анализа на напредокот
Континуирана мотивација и поддршка

Персонални пакети и цени

Избери формат и број на тренинзи. Сите цени подолу се месечни, по лице.

Еден на еден

Индивидуален тренинг

ТренинзиМесечна цена
12 месечно3 неделно12.000ден./лице
16 месечно4 неделно14.000ден./лице
20 месечно5 неделно17.000ден./лице

Со партнер

Тренинг во пар · цена по лице

ТренинзиМесечна цена
12 месечно3 неделно8.000ден./лице
16 месечно4 неделно10.000ден./лице
20 месечно5 неделно14.000ден./лице

Мала персонална група

4 лица · цена по лице

ТренинзиМесечна цена
12 месечно3 неделно5.000ден./лице
16 месечно4 неделно7.000ден./лице
20 месечно5 неделно10.000ден./лице

Ценовникот за мала персонална група важи за 4 лица. За група од 5–8 лица, побарај понуда од Даниел.

Термините за персонален тренинг се договараат: утрински или попладневни.

40–60 минути · терминот е предмет на потврда од Даниел.

Мој Тренер

Во сите пакети е вклучено:

Персонализирана програма

Стручно водство

Следење на напредок преку дигитален систем на биоимпеданса

Совети за исхрана – диета за зголемување на мускулната маса / намалување на процент на поткожно масно ткиво

Мотивација и поддршка

Контакт број: 078 352 437

Е-пошта: daniel@mojtrener.mk