← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

АНОРЕКСИЈА и природна медицина против ова заболување

Анорексија , булимија и други неспецифични пореметувања во исхраната се психосоматски заболувања на  21 – от век. Мета на овие болести главно се жени и тоа на возраст од 10-35год. И обично се резултат на емоционалните пореметувања и пореметување на личноста , притисок во семејството , можна генетска или биолошка предиспозиција и култура во која постои изобилство на храна , опседнатост со мислењедека лицето е премногу дебело …   

Кај анорексијата пореметувањето започнува најчесто во тинејџерските години , а болеста настапува скоро подмолно и незабележително. Најчесто ги напаѓаат младите девојки кои се повлекуваат од друштвото и стануваат преокупирани со диети за слабеење , бројот на калории и избегнуваат се што по нивно мислење може да ги здебели.И кога ќе се постигне саканата виткост , се задржува лошото мислење за себе и останува трајно незадоволна. Се нарушува самодовербата која и онака најчесто зависи од доживувањето на сопственото тело. Таквите лица добиваат симптоми на тешка депресија.

Булимија всушност претставува претерано земање и исфрлање на храна. Обично започнува во рана адолесенција , кога младите жени ги испитуваат рестриктивните диети и во случај на неуспех реагираат со претерано земање на храна. После тоа храната ја надополнува со зголемување или земање лаксативи , диетни таблети или лекови за намалување на течноста во телото. Пациенти со дијагноза на булимија имаат околу 14 епизоди од претерано земање и намерно исфрлање на храна секоја недела. Луѓето со булимија кои не заболуваат од анорексија , нормално е да имаат малку зголемена тежина , која може да се флуктуира повеќе од 20кг поради циклусот претерано јадење и исфрлање на храна. Третата категорија на пореметување во земање на храната се неспецифични пореметувања , кои не можат да се дефинираат ниту како анорексија ниту како булимија. Таа категорија вклучува претерано земање без исфрлање на храна , ретка епизода  на претерано земање  и исфрлање на храна , повторно џвакање и плукање без голтање на голема количина храна  , или нормална тежина и луѓе со анорексично однесување.  

Природна медицина против овој вид на заболувања:

–Чај од босилок  (по две чаши на ден и тоа кај полесните облици на пореметувања во исхраната)

–Билката петровец

–Чај од црвен кантарион

-Комбинација ( 100грама камилица , 60грама мента и 40грама пелин. 2 супени лажички. Чај и 1/2л. Вода)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана