← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Што е PNF Истегнување?

 

PNF е акроним за Проприоцептивна невромускулна фацилитација . Ова е еден вид на тренинг за флексибилност која е уникатна по тоа што бара партнер или надворешен извор на отпор да се изврши правилно. PNF системот вклучува истегнување и контракција на мускулната група со која се работи. Оваој начин на истегнување првично беше развиен како еден вид на физикална терапија, но потоа како систем за зголемување на флексибилноста.PNF системот за истегнување се изведува во две фази и три циклуса на повторување.

 

 

 

 

Пасивно истегнување

Пасивното истегнување е начин на истегнување каде што се изведува позиција во која се задржуваме без никаква додатна помош, или со отпорот на партнерот или некој друг начин. Ова е првата фаза од системот PNF и е еден вид на истегнување каде повеќето луѓе ја користат за да ја подобрат нивната флексибилност.

 

Изометрично истегнување

Изометрично истегнување вклучува отпор на мускулните групи преку изометрична контракција или тензија на мускулите кои се истегнуваат. Ова најчесто се постигнува со помош на партнер или со користење на ѕид или некој друг вид на недвижен објект што ќе обезбеди отпор. Овој тип на истегнување, исто така, игра голема улога во PNF системот за флексибилнот.

 

Изведување на PNF

Оваа техника, која понекогаш се нарекува контрактивно релаксационен метод , е најчестиот вид на PNF истегнувањето. По изведувањето на почетното пасивно истегнување, мускулите се истегаат добиваат изометрична контракција, или против отпор од 10 до 15 секунди. По кратко релаксација од околу 2-3 секунди, потоа веднаш преминуваме повторно на пасивно истегнување, што ке го истегне мускулот многу повеќе од првиото пасивно истегнување. По уште едена кратка релаксација, техниката ќе се изведи повторно.

 

Кога се изведува?

PNF системот треба да се изведува по некое загревање и никогаш не ја применувајте оваа техника кога вашите мускули се оладени. Најдобри резултати на флексибилност обично се добиваат после вежбање кога мускулите се загреани и имале некој вид на физичка активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана