← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Зошто аеробик?

 

Аеробик = air (воздух) + bios  (живот) !

Една од најпопуларните и современи форми на физичкото оптоварување  се фитнес активностите, меѓу кои е и  аеробикот.

Како физичка вежба проследена со музика, датира уште од 1968 година, а денес широко се практикува во најразлични форми.

Затоа денес, многу фитнес центри нудат различни часови по аеробик од кои учесниците можат да одберат!

 

Тренингот има позитивно влијание врз менталното здравје, забавен е и пријатен, и може да се помогне при ослободување од стрес. Ако тренингот е направен во група, може да креирате социјални врски со вежбачите, а резултатите кои ќе ги постигнете, зависат од желбата, правилниот начин на живот, правилниот начин на вежбање и правилната исхрана.

 

Програмите за аеробик се препорачуваат за оние кои сакаат да ја подобрат својата општо здравствена состојба или да постигнат максимална физичка спремност и самодоверба.

 

Ако посетувате часови по аеробик 3-5 пати неделно, најмалку 8 недели, вашите резултати ќе бидат видливи и позитивни:

– доволно  енергија за справување со секојдневните активности

– подобар имунолошки систем

– здрав кардиоваскуларен систем

– редукција на подкожно масно ткиво

– зајакнување на мускулниот тонус

– намален стрес, ќе се чувствувате попозитивни

– ќе ја зголемите силата и флексибилноста

– ќе го подобрите метаболизмот

– ќе ја зголемите издржливоста

– ќе го намалите срцевиот пулс во мирување

– унапредување на здравствениот статус

 

Со тоа аеробикот е современа движечка форма, која овозможува оптимален тренинг за кондиција и координација и е интересно решение за борбата со хиподинамичноста.

Активното движење балансира единство меѓу психата и физиката, ја зачувува младоста и здравјето.

Облечете се спортски, вооружете се со шише вода и подготвени сте за часот по  аеробик!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана