Одредување на страните на светот без компас

 

Доколку сте го заборавиле вашиот компас дома,а сакате да го одредите правецот на движење, тоа можете да го направите на многу други начини, и со други прирачни предмети:

 

 

Часовникот како компас

Доколку имаме аналоген часовник (со стрелка за минути и часови ), кардиналните точки се одредуваа на следниот начин : стрелката за часовите нека биде израмнета сo насока кон сонцето; имагинарната линија, која го дели аголот помеѓу стрелката за часовии 12 часот на два еднакви дела, е правецот север-југ.

 

Според растењето на дрвјата 

Осамените дрвја вообичаено имаат поголеми гранки од јужната страна, бидејќи од таа страна најмногу се во допир со сончевата светлина.

 

Според лишаите и мовот

Лишаите и мовот секогаш растат на северната страна на дрвјата, бидејќи од таа страна има најмалку сончева светлина и најмногу влага.

 

Според мравјалниците

Мравјалниците најчесто се наоѓаат во близина на дрвја или камења. Мравките, своите живеалишта најчесто ги градат на сончевата, јужна страна. Секогаш мравјалниците се малку наведнати кон југ. Со ова Мравките максимално ја користат топлината од сончевите зраци.

 

Според ѕвездите

Кога небото навечер е ведро и чисто, како добар водич може да се искористи Северната ѕвезда. Северната ѕвезда позната е и како ѕвезда водилка, и е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Се наоѓа веднаш над Големата Мечка и секогаш е на север.

 

GPS 

Глобалниот позиционен систем (GPS) е систем  кој користи сателити околу земјата, што овозожува многу брзо и со голема прецизност да се одреди точата позиција каде било во светот. За да се користи овој систем потребно е GPS инструмент.GPS апаратите се големи колку еден мобилен телефон, и се релативно лесни за употреба.

Поусовршените GPS приемници, можаат точно да ни ја покажат точната патека по која треба да се движиме во одредена насока, доколку се движиме на копно. Со помош на овој систем се овозможува да се добие информација за моменталната оддалеченост од крајната цел.

 

Висина  Алтметар 

Овој инструмент овозможува да се одреди моменталната надморска висина. Инструментот станува се покорисен и поважен во високите, непристапни и опасни планини. Овие инструменти се со точност од 5 метри.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.