Што е тоа Бигорексиа?

 

Треба да се напомене дека Бигорексиата не е заболување кое ќе ви го дијагностицира вашиот лекар, во моментов не постојат клинички упатства за ова нарушување. Тоа е состојба која неодамна е забележана од страна на неколку психијатри како "спротивно на анорексија".

 Ова заболување е типично за боди билдери и е познат како мускулна дисморфиа, Бигорексиата е состојба при која пациентот е постојано загрижен дека е премногу мал,слаб и дека му фали повеќе мускулна маса. Ова ги надминува границите на смислата за фитнес и бодибилдинг, и ги надминува во опасни рамките каде мажите и жените се подготвени да превземат се за да ја зголемат мускулната маса. Бигорексиата и анорексиата се пореметувања на телото и едноставно одат во спротивни насоки."

Мускулната дисморфиа  не е акутно опасна по живот, но веројатноста да се здобиете со  други ризици за вашето здравје е се поголема, како на пример користење стероиди или други бодибилдерски суплименти. Има многу хоспитализиранани случаеви со мускулна дисморфиа со заболување на бубрезите, предизвикани од нивната високо-протеинска исхрана и од употреба на стероиди.

 

Некој од истражувачите ги поставија овие критериуми за дијагностицирање на  мускулната дисморфиа:

1. Лицето е преокупирано со идејата дека нивното тело не изгледа доволно убаво  и не е доволно мускулесто. Тие поминуваат долги временски период на вежбање со тегови и внимаваат прекумерно на исхраната.

2. Оваа преокупација предизвикува голема вознемиреност или социјално нарушување . Лицето може да се откаже од важни социјални настани, во врска со работата или рекреативни активности. Тие најчесто ги избегнуваат ситуациите каде што нивното тело ќе биде изложено. Лицето продолжува да пази на исхраната и да работи прекумерно, дури и кога тие знаат дека тоа може да наштети на нивното здравје и благосостојба.

3. Фокусот на загриженоста на лицето е премногу мал или е сведен кон мускулите, што е спротивно на загрижен во врска со дебелината.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.