Спортска масажа за подобра кариера

 

Постојат многу предности поврзани со спортската масажа кај спортистите. Спортската масажа може да се користи пред тренинг или после тренинг, исто така и за време на тренинг или како метод за рехабилитација. Придобивките од спортската масажа се или физиолошки или психолошки и може превентивно да спречи повреда или губење на мобилноста, ги подобрува перформансите и ja продолжува спортската кариера.

 

 

Отстранување на лимфата и транспорт на течности

Масажата ги отвора порите во ткивата на телото, овозможувајќи течностите кој се богати со хранливи состојки да течат по слободно. Оваа зголемена пропустливост помага при  отстранување на отпадните производи како млечна киселина. Масирањето помага за поголема циркулација на крвотокот, и уште поважно, отстранување на лимфата, која што нема природно транспортен систем. Масажата овозможува поголем транспорт на кислород и хранливи материи до мускулните ткива ,што придонесува побрзо закрепнување.

 

Флексибилност на ткивото

Масажата може да ја зголеми флексибилноста на мускулите на начин кој не се изведи преку класично статичко истегнување. Статичното истегање  ја подобрува флексибилноста во една насока, но спортската масажа ги истегнува мускулите во сите правци, и исто така може да ги отстрани и да не ослободи од  крутите сврзни ткива. Исто така и жилите, со масажата се ослободуваат од напнатоста што предизвикува неподвижност и болка.

 

Ослободување од болка и релаксација

Тензијата и отпадните материјали во ткивата на телото предизвикуваат вкочанетост и болка. Масажата обезбедува топлина и притисок за да се истегне ткивото и да се подобри циркулацијата. Специјализираните нервни рецептори во ткивото чувствуваат  допир, притисок и топлина. Стимулацијата на овие рецептори преку масажа води до ослободување на ендорфини, кој обезбедува еуфорична релаксација и го енергизира и оживува телото.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.