Храна за топење на мастите

ХРАНА ЗА ДОБРА ФОРМА

1. Бадеми, ф’стаци, ореви … – помагаат при растот на мускулите и го редуцираат гладот.
2. Млечни производи – ги зајакнуваат коските, помагаат при ослабнување.
3. Јајца – го потикнуваат растот на мускулите и согоруваат масти.
4. “Посно“ месо (пилешко, мисиркино и сл.) – ги зголемува мускулите и го зајакнува имунолошкиот систем.
5. Риба – исполнува со енергија, го стимулира согорувањето на вишокот масти.
6. Цитрон (грејпфрут) – Го регулира шеќерот во крвта и воопшто целиот метаболизам. Го смалува нивото на инсулин.
7. Зелен чај – Стимулира согорување на масти
8. Спанаќ – го забрзува опоравувањето на мускулите, после напорниот тренинг.
9. Зрнеста храна (грав, грашок, леќа) – го регулира варењето на храната, помага во зголемувањето на мускулите, помага во согорување на масти.
10. Путер од кикирики – го стимулира лачењето на тестостерон, ги зголемува мускулите, согорува масти.

11. Цимет – една лажичка дневно го намалува шеќерот во крвта и ја спречува трансформацијата на вишокот јаглехидрати во масти.

12.Јаболков Оцет – Присуството на пектин во јаболковиот оцет помага во намалување на лошиот холестерол

Сите овие продукти кои се набројани, содржат многу здрави и хранливи материи кои ќе помогнат во изградувањето на вашето тело и постигнување на посакуваната форма. Секако за остварување на овие цели потребен ви е и квалитетен тренинг, а ова е мени кое ќе ви помогне да ги остварите најдобрите резултати.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.