ПИВСКИ КВАСЕЦ – (1 година помлади, за 1 година)

Една од најкомплетните и најздравите храни што постојат. Користен уште пред  4000 години п.н.е. од страна на Еѓипќаните и Вавилонците. Долгогодишните корисници ги уживаат неговите благодети, време е и Вие да започнете!

 

ПИВСКИОТ КВАСЕЦ НЕ ДЕБЕЛЕЕ!

Најголемиот мит од сите митови кој што го имам слушнато во животот е дека пивскиот квасец дебелее. Само незнам кој може такво нешто да измисли, можеби мислел дека ако пиеш пиво ќе се здебелиш?! Значи да расчистиме еднаш засекогаш, пивскиот квасец не дебелее, тој слабее.

 

– Прва работа. Пивскиот квасец е одличен извор на протеини, тој се состои од 64% – 40% протеини, а сите знаеме дека протеините заситуваат. Јаглехидратите во пивскиот квасец се сложени и се состојат од 50% – 35%. Овие јаглехидрати имаат низок гликемиски индекс и придонесуваат за мало лачење на инсулин, а тоа значи помало складирање на масти и е идеална храна за дијабетичари.

 

– Втора работа. Пивскиот квасец е најбогатата храна на светот со витамините од Б комплексот. Со тоа тој учествува во ослободување на енергијата при метаболизмот на јаглехидратите,протеините и мастите, дирекно  со инволвирање на Б витамините во овие процеси.  Што значи, наместо да се таложат мастите во телото, тие се претвараат во енергија за телото да ги искористи корисно, а вие ќе се чуствувате подвижни.

 

– Трета работа. Дневната препорачана доза е околу 15 грама, а максимално се препорачува 30 грама. Во 15 грама има околу 55 калории, а тоа е количината на калории која ја имате во половина банана. Се здебелувате од половина банана? Толку калории можете да потрошите со само 1 километар пешачење.

СОСТАВ

Покрај тоа што е храна која е меѓу најбогатите со протеини, во просек 50%, за разлика од пилешкото месо кое има само 23% протеин и околу 20% во бадемите. Пивскиот квасе исто така е пребогат со Б витамините, освен Б12 кој се наоѓа во трагови. Тој содржи 18 амино киселини, повеќе минерали и 17 витамини ( освен А, Е и Ц).

Тој е еден од најбогатите извори на органско железо (тоа што го има во хемоглобиот). Исто така познат е како природно чудо од храна, а неговиот состав ја оправдува репутацијата. Пивскиот квасец содржи поголема количина фосфор, па за тоа за да делува поефективно треба да се комбинира со калциум (млечни производи) .

Познато е дека помомага во намалување на холестеролот (кога се комбинира со лецитин). Никако не го конзумирајте живиот пекарски квасец! Живите квасните клетки ги осиромашуваат Б витамини од цревата и ги црпат сите витамини од Вашето тело. 

 

КАКО ПОДМЛАДУВА ПИВСКИОТ КВАСЕЦ?

селен – моќен антиоксидант кој штити од предвремено стареење
калиум – минерал на здравото срце и ги контролира течностите во клетките
магнезиум – минерал на мозокот и мускулите
цинк – делува против опаѓање и белеење на косата и ги поправа оштетените ДНК
глутамин – аминокиселина задолжена за детоксикација на телото.
хром – штити од инфаркт и диабетис
Б комплекс – 

     – здрава и сјајна коса, ноки и кожа

     – производство на енергија преку максимално согорување на храната.

     – го регенерираат нервниот систем

     – ја подобруваат работата на црниот дроб

     – правилна функција на срцето

     – помирен сон

     – смирува во стресни ситуации

     – здрав вид

     – здрав дигестивен систем

 

Листата може да продолжи уште…

 

КОЈ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТИ:

Спортисти задолжително, тинејџери и деца во интензивен раст, ученици и студенти, стари и изнемоштени лица, бремени жени, а со еден збор кажано, СИТЕ.

Дневна препорачана доза е од 15-30 грама, секој ден на 2-3 пати помеѓу оброци или за време на оброкот. Пивскиот квасец се пие секој ден, без прекин до крајот на животот. Се пие во помешан со вода, сок, млеко или чај. Исто така сосема е безбеден и во форма на таблети и капсули.

Придобивките се огромни, помага во психичка и физичка исцрпеност, покревање апетит кај децата, артеросклероза, мачнина во стомакот, здрав надворешен изглед и внатрешно чуство, регулација на нивото на шеќер во крвта и друго.

 

ПИВСКИ КВАСЕЦ = ЗДРАВЈЕ, МЛАДОСТ И УБАВИНА!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

1 Коментар
  1. Даниела September 26, 2016 at 12:50 pm - Reply

    Сите пишуваат за добрата страна на пивскиот квасец. Но треба да се потенцира и во кои случаи не треба да се употребува пивскиот кавасец. Сум сретнала дека не треба да го конзумираат луѓе кои имат улкус, т.е. чир, луѓе со гастритис, луѓе кои имаат камења на бубрезите, во никој случај луѓе кои пијат антидепесивни лекови кои во составот имаат МАО инхибитори … Нашите луѓе доволно е да прочитаа дека нешто е добро да се конзумира и ќе почнат да го користат. За сите работи кои се додатоци на исхраната потебно е претходно добро информирање и консултација со доктор. Многу работи едно со друго не одат, во комбинација има нус појави, затоа секогаш е добро да се разгледаат сите аспекти пред да почне нешто да се конзумира.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.