Припреми за медитација

Примпремата за медитација е многу важна и не смее да се занемари. Без одредена припрема напредокот би можел да биде загрозен. Од оваа причина Ви препорачуваме неколку припреми!!!

Невозможност на коцентрација Понекогаш мозокот ни лута како подивен слон, тогаш не помага ни автосуѓестија. Одличен метод за смирување на умот како и за стекнување на способност на концентрација е пеењето – мантрање на ОМ гласно. Изговарајте го од срце, интезивно и со чувство. Осетете ја неговата вибрација по цело тело и ум. Ом се смета за многу моќна медитативна техника.

 

Преголеми очекувања Не бидете во очекување на медитативно искуство, стрпливо продолжете да вежбате. Со потполна посветеност, трансцедеталното искуство ќе се појави. Конечната цел на медитацијата е да биде спонтана.

 

Погодно место за вежбање Кога ќе го одредите местото за вежбање на медитација, пробајте да го користите секогаш истото место. Местото треба да биде чисто и да Ви носи мир. Ставете ќебе или простирка на подот. Потребно е да биде тивко место и да не гледате кон прозор. Околу вас нека нема ништо во полупречник  на еден метар.

 

Време Најдобро време за медитација е рано наутро или навечер пред спиење. Помеѓу 04:00 и 06:00 наутро е време на брамамурта и е најпогодно за медитација. Се медитира час до час и полoвина после лесно јадење, или четири часа после полно јадење. Редовноста во медитацијата е многу важна. Почнете со десет минутна медитација и полека зголемувајте ја.

 

ПоспаностПостојат разни методи да се избориме против поспаноста-еден од нив е да легнеме порано, другиот е да се истушираме пред медитација, третиот метод е автосугестија, сугерирајте пред медитација дека нема да заспиете. Ако после медитација се чувствувате уморно или летарѓично, проверете дали правилно вежбате. Уморот после медитација е знак на борба со умот. Медитацијата треба да биде извор на радост!!!

 

ОпуштеностЕдна од најголемите препреки во медитација е физичката напнатост. Ако е присутна болка, крутост или општа напнатост во телото свеста ќе има тенденција постојано да се бави со телото. Тогаш медитативното искуство ќе биде исклучено.Едноставен метод на систематско опуштање на телото е на некое време да го напнеме, што е можно повеќе, а потоа да го опуштиме. Ова изгледа контрадикторно, но ако пробате ќе почувствувате и самите дека се постигнува погелем степен на опуштеност. Споредете го ова со ластикот, ако го развлечете и потоа го пуштите, тој ќе биде пократок од предходно. Истото се случува и со мускулите-напнете ѓи мускулите што повеќе и потоа опуштете ѓи. Треба да се напнат сите делови по ред. Најдобро е да се легне на грб. Почнете од нозете од стопалата. Едната нога па другата, двете заедно, седалниот дел, грбот, напред стомакот, градниот кош, вратот, од рамениците рацете, потоа нагоре лицете (може делови на лицето) се до коренот на главата. На крајот целото тело. Опуштете се една минута и почнете со медитација.

 

Општи препрекиПостојат различни препреки во медитација. Како што веќе објаснивме, главни препреки се физичките и менталните проблеми.

 

Физичките препреки можат да се отстранат и со вежбање на асаните или друѓи јога техники, а исто така и со медитација.

Менталните препреки (проблеми) како што се: љубомора, омраза,понос, ароганција, себичност,  раздразливост, бес и слично можат да се искоренат со многу методи. Една од методите е пеењето ОМ што е можно погласно и по половина час. Ова е одлична терапија, или шетање во природа, стопување со природата. Лутината е следната пречка во медитацијата. Нејзиниот корен лежи во егоизмот и идентификацијата со тривијални работи во животот. Со вежби на автосугестија подолго време, ќе почувствувате дека сте дел од постоењето на целината. Сомнителноста е следна препрека- да не е медитацијата некоја шала или нешто што можда никогаш нема да дојде. Ако се случи ова треба да се читаат книги за големите светци и луѓе кои го пренесуваат знаењето за медитативните искуства. Во нивните зборови ќе пронајдете ентузијазам и елан така што ке се поврати вашата вера за трансцедеталнато искуство кое лежи во Вас. Вообичаено не го знаеме потеклото на пречките кај нас, тие се јавуваат како несвесен конфликт, комплекс или страв. Затоа е тешко да се медитира додека не се отклонат овие пречки. Што повеќе го прочистуваме нашиот Ум, тоа сме се поспособни да медитираме; колку повеќе медитираме се повеќе го согледуваме Умот и конечно ќе се појави трансценденталното искуство, а може и да остане како трајно искуство, а не само додека медитираме.

 

Мисли Крајната цел е трансцендирање на рационалните мисли. Кога ќе дојде до ова медитацијата ќе се случи. Целта на медитацијата е длабоко да се навлезе во умот, надвор од доменот на рациото. Затоа е потребно за време на медитација да исклучиме интелектуализирање колку е можно повеќе.

 

Крајната цел е трансцендирање на интелектот.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.